Потребно време за читање: < 1 минута

Настан III

Некои сѐ уште живи другари од детството на Корен Стаменоски со прекар Име го паметат настанот што го најави неговиот нескротлив градителски дух. Тој се случил во Костец, во дворот на касарната зад високиот ѕид, спроти неговото прво семејно живеалиште-двособен стан во петкатна бетонска зграда, кога имал сенасе девет години.

Во една небрежна игра, со правила измислени од него и знајни само нему, само за едно претпладне заедно со другарите согради куќарка опкружена со неплодна земја и река што тече крај неа, а извира во далечна планина на исток. Доволна за да се сокријат сите, а недогледлива и несогледлива за четата војници која точно напладне во дворот, близу до високиот ѕид, почна да вежба вкопување во ровови за одбрана од непријателска освојувачка војска.

Многу години потоа, сеќавајќи се на неа, Корен Стаменоски со прекар Име разбра: куќарката, неплодната земја и реката крај неа биле сосем исти со оние на неговите родители, во кои заживеал.

Прочитај и за ... >>  ШТОМ ЗАОДЕВ, СЕКАКО ЌЕ ДООДАМ или СЕКИДНЕВНИ НАСТАНИ И ДОЖИВУВАЊА ВО ЖИВОТОТ НА КОРЕН СТАМЕНОСКИ СО ПРЕКАР ИМЕ, минијатурен политички роман

Памети дека ја разурна невреме кое траеше без престан неколку дена и ноќи. Со силен ветер, модри облаци и молњи.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here