Потребно време за читање: 3 минути

Настан и доживување VI

Која е врската помеѓу еден од клучните настани за Корен Стаменоски со прекар Име, од заодувањето до цврстото и решително чекорење низ животот-умирачките на татко му и мајка му како докажување на силната поткрепа на семејството, суштествена за сечиј личен, но и заеднички опстој, и неговите ставови искажани пред толпа Костечани за слободоумноста, довербата односно недовербата во владеењето и партиската понизност? Тој ја има одамна осознаено: сечија умирачка е само физичко исчезнување од овој свет, за ближен е суштествена за опстојот и осамостојувањето од една, а од друга страна токму опстојот и осамостојувањето ги затврдуваат слободоумноста и довербата односно недовербата; тие, пак, во владеењето, не во работата, дејствувањето, создавањето за општо добро, за заедничката живеачка, ја губат битката против партиската понизност. Со еден збор, Име повеќе несвесно отколку свесно, решително чекорејќи низ животот како видна мислечка личност во Костец, со време им се наметна на Костечани како предводник во фаќањето во костец со неразбирањето на демократијата, владеењето и партизацијата, поточно нивната злоупотреба.

Корен ѝ призна на Илина дека никако не може да пронајде каква годе обусловеност од нивните нему знајни односи на ненадејната смрт на Стојмир и долгото и мачно умирање на Милица. Сѐ повеќе се уверуваше себеси дека Стојмировата беше ненадејна токму поради тоа што беше здрав и прав човек, а Милицевото долго и мачно умирање оти цел живот се бореше за живот со и за вредности. Затоа обете како еден настан.

Прочитај и за ... >>  ШТОМ ЗАОДЕВ, СЕКАКО ЌЕ ДООДАМ или СЕКИДНЕВНИ НАСТАНИ И ДОЖИВУВАЊА ВО ЖИВОТОТ НА КОРЕН СТАМЕНОСКИ СО ПРЕКАР ИМЕ, минијатурен политички роман

Ѝ раскажува:

-Кога брат ми Вител и сестра ми Галена го виделе татко ни спружен мртов крај креветот во спалната соба, со лице сето облеано во крв, биле просто одземени, онемени, просто во шок додека не дошла мајка ни. Можеш ли да го замислиш тоа меѓувреме? Татко мртов, тие сами, сѐ уште деца? Не може никој. Ни јас. Жив и здрав на заминување во училиште, без никакво навестување, некој предупредувачки знак, а кога се вратиле…Мислам дека истото, ако не и уште потешко го доживеала и мајка. Сигурен сум дека тоа бил почеток на нејзината болест, на канцерот кој ја обзеде година ипол по неговата смрт, на нејзината борба со него цели две години, всушност на измачувањата, двете тешки операции, хемотерапијате, другите терапии, лечењето со традиционални лекови. Брза беше и нејзината по неговата. А јас…

Илина го прекинува:

-Веќе знамод тебе. Сечија умирачка е само физичко исчезнување од овој свет, но тие за тебе биле суштествени за твојот опстој и осамостојување. Исто така, токму тие ги затврдиле твојата слободоумност и твојата доверба односно недоверба.

Прочитај и за ... >>  ШТОМ ЗАОДЕВ, СЕКАКО ЌЕ ДООДАМ или СЕКИДНЕВНИ НАСТАНИ И ДОЖИВУВАЊА ВО ЖИВОТОТ НА КОРЕН СТАМЕНОСКИ СО ПРЕКАР ИМЕ, минијатурен политички роман

Корен:

-Не знам за другите ближни, браќата и сестрите, за Вител и Галена, но за мене е така. И од никого, па ни од тебе не барам да се согласи, имено дека станува збор за континуиран процес кој продолжува во работата, дејствувањето, создавањето за општо добро, за заедничката живеачка.

Илина пак го прекинува:

-Кои, пак, во владеењето ја губат битката против партиската понизност! И јас бев во толпата Костечани на плоштадот, на предизборниот сенароден собир…Тогаш бевме само многу блиски колеги во „Просторно проектирање“…Потенцираше дека секој слободоумник мора својата слободоумност да ја искажува секогаш. Може да се биде едновремено слободоумен и партиски член или приврзаник, но притоа да не се користи партијноста за остварување на лични лукративни цели.

Корен низ смеа:

-Како да си ги голтнала моите зборови, па сега ги истураш, од збор до збор…Да, довербата не се добива и не се дава туку-така, туку се стекнува, а лесно се урива со непостојаност, недоследност, манипулации и лаги.

Илина:

Прочитај и за ... >>  ШТОМ ЗАОДЕВ, СЕКАКО ЌЕ ДООДАМ или СЕКИДНЕВНИ НАСТАНИ И ДОЖИВУВАЊА ВО ЖИВОТОТ НА КОРЕН СТАМЕНОСКИ СО ПРЕКАР ИМЕ, минијатурен политички роман

-Не ми е баш прифатливо тоа дека со недоверба се владее најдолго и најлесно, и тоа со можна најголема недоверба кон сите. Особено дека недовербата не е страв, туку изневерена политичка свест и нејзина пасивизација. И како тоа стекнатата доверба да не е за што повисок квалитет на животот?!

Корен:

-Затоа што повисокиот квалитет на животот не зависи од владеењето, туку најмногу од создавањето и негувањето вредности. Владеењето предизвикува партиска едностраност, послушност, најнапред понизност. Во секоја партија на власт понизните стануваат сѐ побројни. А таа, понизноста е секогаш трагична за сечија лична и колективна слобода, како и за творештвото и создавањето. Најмногу за индивидуалниот кариерен напредок со својата неограниченост и постојано зголемување. Сѐ до конечно обезличување и целосна зависност.

Илина го загледува продорно, помолчува, па гопрашува:

-Корене мој, сериозно почнуваш политичка кариера?

Корен:

-Сѐ уште размислувам, Илина моја…Не знам… Знаеш дека се залагам за системска демократија и веќе ја дефинирав. Имам свои ставови за владеењето и партизацијата, за нивната злоупотреба, за тоа која треба да биде улогата и целта на партиите…Ако се одлучам, тогаш секако ќе останам што сум. Независен и слободоумен.

Станаа од клупата во паркот и прегрнати се упатија кон Камена река.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here