Потребно време за читање: < 1 минута

87. Зошто таена љубов?

Аврам се прашува зошто Љуба толку долго ја таела љубовта со Славен Источник, а особено него како единствена рожба од неа. Не му е ниту верно, ниту прифатливо нејзиното објаснение оти траела најкратко и била најстрасна од сите што ги имала додека била млада, убава и здрава. Не го задоволи ни признанието дека во љубовта каква што била нивната, единствена и неповторлива, огнена, преполна со исчекувања и соништа, ништо не останува таено за сите времиња, а особено кога станува збор за рожба како дел од животворноста.

Можеби ќе му помогне Самобитна сенка која ја запозна во меѓувреме како мошне значајна во животот на мајка му:

Таа е младолика жена, од неодамна омажена за Доктор Стефан Веселовски, која уште во раното детство се докажувала пред другачките и соученичките. Најчесто ги предводела игрите, а немало наставен предмет во кој не била најдобра, со најсигурно и најсеопфатно совладано градиво. Така било и во гимназијата, а студиите по сликарство, на кои се запознала со Љуба и станале неразделни пријателки, ги завршила како најдобра во генерацијата.

Прочитај и за ... >>  САМОБИТНАТА СЕНКА И ЉУБА, роман во продолженија

Воопшто не му е веродостојно нејзиното објаснување дека Љуба и Славен не биле долго заедно поради крајно различни, речиси спротивставени карактери. Љуба е самоуверена личност, со нескротлива творечка енергија и со мошне либерални ставови за заедничкиот живот на маж и жена. Славен, пак, бил едноставен, простодушен, во не мала мера рамнодушен спрема животот, стварноста, секидневноста и промените во односите помеѓу ближни. Обајцата воопшто не ги допирало времетраењето од почетокот на создавањето дела, па сѐ до нивното завршување.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here