Потребно време за читање: 4 минути

825. Ми пукна филмо на крајо.

826. Живото је ко река шо течи брзо али бавно од изворо до утоката.

827. Неснослоива реа се шири од апашки партиски дувла.

828. Не се виѓаваме оти ни ја нејќам да те видам ко шо нејќеш да ме видиш ти.

829. Црно им је пишано во белио ќитап за нивното владение.

830. Кога збори не мисли, а кога чоек ќе успеј да разбери шо кажал остануа со отворена уста.

831. Ако ништо друго од тебе ко творец, барем почитание спрема непорекливи дела на друзи творци.

832. За ними политиката је власт за крадење пари од народо.

833. Го нема, ја нема, ги нема…А бе ко да се разбегале!

834. И за паметење треба ука ем свесност.

835. Смешни сте кога напаѓате за она шо вие го праевте и го сторивте. Ко да сте кловној во циркус.

836. Ја не чекам никого и ништо. Ни она шо је неминовно да дојди скоро.

837. Нерадо зборам за својто дело. Само сакам да се знај оти је големо и неспоредливо со чие било.

838. Денес не си истио од вчера, освен за оној шо не можи да те заборај каков шо си бил. Ама има нешто во секој шо не се менуа. Чоечко.

839. Многу требало, се сакало колку-толку, а се морало најмалце. Тоа кога има ред и обичај.

840. Секакви љубови во живото, а сал една најпрва и најпоследна.

841. Голем чоек со големо дело, големец со итроштини, лажги и измами.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 533-616

842. Само шо поверуав, и од ними слушам „Трпение-спасение“.

843. Им се смеам и ги жалам.

844. Душмани име врлија во заборав.

845. Џабе се прикажуате  оти сте со народо. Прво вратете му сè шо му украдовте.

846. Прав чоек прај добри дела и за денес и за утре.

847. Трпежо ме издаде, а крпежо ме остај гол во невреме.

848. Нема друго кога ти се одмага, освен да знајш сам да се помагаш.

849. Кој плука на старио бунар, кога-тогај новио ќе му пресуши.

850. Нема род ако не вати корен.

851. Бреј, се отепавте од страховладеење со крадење и неработа.

852. Од предавство тешко се отклонуа. Дури без свест се пренесуа од колено на колено.

853. Никако не го остаај непријатело да продолжи да непријателуа.

854. Родо те заборајл, та не знајш дали од него има некој уште жив.

855. Мило либе не се одмилуа.

856. Некои нешта во живото не да не можат, ами не смеат да се забораат.

857. Копнеам по ненадминлива доживеана убост.

858. И со неизлечива болештина треба да се живеј дури се живеј.

859. Дамна бевме заедно за да се припознаеме.

860. Ме боли молчание шо иде од зборој недоречени.

861. Години ко мигој животворни на виден чоек.

862. Ја тебе не ти значам ништо, а ти мене ми значиш многу.

863. Една прва и последна љубов длабоко сокриена во жизнено срце.

864. Нема поголем апаш од политикант ко политичар.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 667-730

865. Селанецо не сака да стани граѓанин, а од граѓанино колку он да се труди не бидуа селанец.

866. Биди чоек. Не пакосник.

867. Ако никому не му требаш, ни на себеси не си требаш.

868. Отворена рана на срце-неизлечива.

869. Грешно мислиш, ама је добро шо мислиш.

870. Муабет за шо? За шо било, само не за ништо.

871. Не им простуам оти добро знаат шо праеја и шо праат.

872. Добро је партиите да почнат да си праат протести. На нив ќе се види колку членој имаат на број.

873. Замеашј се во луѓето ко обичен чоек, па ќе узнајш колку те есапат за чоек.

874. Едни се носечки, а друзи носачки.

875. Искренио је најпрвин искрен кон себеси.

876. Чесен во политиката?! А бе ај!

877. Молчиш од шо не знајш шо да ми речиш.

878. Од многу врти-сучи, сучка се напрај.

879. Ми фалиш дење-ноќе.

880. Слушна? Тебе не ти зборам.

881. Пресвисна од шо безмерно те сакал.

882. Ја за себе си кажуам за ти да ме имаш ко пример али ме немаш.

883. Цел живот коленичеше и се лакташеше, ама никако не удираше со глаа во ѕид. За на стари години да му биди сè стокмено.

884. Никој не ми је крив шо поради правина ми се напраија многу кривини.

885. Џабе од мене за паметење кога сум забораен и остаен сам на себеси.

886. Се трошам денум-ноќум, а никаква вратка за мене.

887. Ништо напраено што да не можи да се допрај, попрај али препрај.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ III, 58-120

888. Она слуша за мене и чита од мене скришно, а ја не знам ни дали је истата шо беше.

889. Едни одат во неврат, друзи идат за да минат, а трети биле и остануаат.

890. Одамна се знај мојто. И ја ко мнозина ко мене-ќе бидуам ко да не бев.

891. Сè помалу да биди нешто со мене и за мене, а сè појќе од мене.

892. Мојве старски години им дотежуваат исто и мене и на мојте најблиски.

893. Како да ти поможи мојто дело? Ја стварно не знам.

894. Растат празнотијата, пустелијата и самотијата во мене. Ко да се дел од бескрајо.

895. Блазе тебе оти си богат без скршена пара.

896. Знање и опитност за на вистинско скалило на скалата на живото.

897. Ми идеш на сон и не ми даваш да заспијам.

898. Она шо је го менуаат оние шо сега и овде треба да биди.

899. Да, секоаш можи поарно, ама од арно. Од лошо само полошо до најлошо.

900. Зло од зол оти од добро на зол му је зло.

901. И сега си ништо ко шо беше кога беше нешто.

902. Има некое време кога за творецо је невреме, па му се чини оти за него веќе нема време.

903. Секоаш со тебе и до тебе оној шо мисли на тебе.

904. Здрав дух за чоештина.

905. Не можи да не је љубов, ако веќе била. Макар скрита.