Потребно време за читање: 2 минути

956. Нема политика без доверба на народо.

957. Испоплашени се од дознаеното оти скоро мечка ќе заигра пред нивнио праг.

958. Сакал ти али неќел, си оди без тебе твоето време.

959. Народо ќе ве суди не зато шо не го слушате, ами оти го дотеравте до питачки стап со лажги, крадби и предавства.

960. Веќе је предоцна за шо било со вас денес сосе вчера.

961. Ко ќе ти се расипат сметките, поарно не излегуај на пазар.

962. Со мудроста на народо никоаш нема да се најдиш во небрано.

963. Нè тераат да носиме тешка одлука за после ними со нас да им је од лесно полесно.

964. Малу ти се зборојте, а згора ти се и излитени само зато шо малу читаш али ич не читаш.

965. Туѓински силници никако со нас да научат оти сила со волја и јунаство се мери, а не со богаство и сиромашија.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 932-955

966. Крадат пари од народо за да си го наплаќаат својто слуганство на странските патрони.

967. Прв закон на силнико:
Или ќе играш на негоа свирка или ич нема да заиграш.

968. Прекуноќнио богатник со богаство не се наситуа.

969. Никакви не сте штом дозволуате никаквеци да ви ставаат на чело.

970. Без секој можиш, ама без себеси не можиш.

971. Ти повторуам за да не заборааш.

972. Не ти го попречуам пато, ами само ти покажуам кон кај те води.

973. Ни јота срам немаш оти не знајш.

974. Да ти кажам прао, многу сум изненаден шо си прочитал нешто од мене напишано.

975. Немало и нема љубов со тебе, убост моја.

976. За жалење сте оти сте се фатиле на оро со првио ѓаол на свето.

977. Тамам работа секогаш да мислиш ко шо мислам ја. Ако мислиш.

978. Не ти чини работата ако работиш за друг, а не и за себе.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 750-814

979. Не смејш да грешиш често, поготово не едно те исто. Оти тогај си ем несаглам чоек ем не си чоек на свое место.

980. Има ли некој да му кажи на чоечено оти ниедна наредена задача не је тешка и за неа не треба ни ум ни кураж?

981. Маката је шо не зависи од нас. Да зависи, досега ќе му го најдевме крајо.

982. Ми ја следиш трагата, а зад себе не остааш своја.

983. За обајцата не је добро да си со мене, а ти то да не го сакаш.

984. Зошто сосила убајна не бидуа? Зато шо од една страна силата нема убајна, а од друга на убајната  не ѝ прилега сила.