Потребно време за читање: < 1 минута

10. Од говор

Ми слушна секој збор
и ми разбра секој знак.
Ми прифати секој молк
и ми протолкува здив
со голема тежина.
Ми согледа безмерност
и ми откри временост.

11. Вљубени

Еве вљубени зраци
на сонце,
во самрак и ведро небо.
Ту ме допираат,
ту стануваат недофатни
за мојата неспокојна
самост.

12. Одбрана

Бранам сечиј устрем
кон врв до небо извишен
со опитност вековита,
во земја во која
сите годишни времиња
се благодатни.