Потребно време за читање: < 1 минута

910. Партиско-политикантски алашвериш:
Тој на тебе, па ти на мене за ја на тебе, и сетне ти нему.

911. Ни се тера ни се води? Зато шо е чоек кој не дава никој узди да му клава, нито кој било да го јава.

912. Баш ми је гајле оти тебе не ти је гајле за моите гајлиња.

913. Ебави суратите дотеруани пред огледала.

914. А шо имате вие против оти он си го шета, си ја шета и си ги шета ко државник низ белио свет?

915. Допрва за нас потешко оти ни иди уште полошо.

916. Морам да ти признаам, чупе, оти со твојта убајна ептен ми легна на срце.

917. -За колку го продааш твојто дело?
-За колку шо ти не можиш да платиш.

918. Ако бараш преку леб погача, можи и без леб и сол да останиш.

919. Живеј од денес до утре за задутре и позадутре.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, афоризми, 985-1.000

920. Скоро ќе падниш од шо долго коленичиш.

921. -До кога ти вака?
-Дури ми се сака и не морам инаку.

922. Ќе нема ни гроб за тебе, предавнику!

923. Ја од голема мака не ќутам, а ти ќутиш и ми ја прајш уште поголема.

924. Многу жалам, моме убоо, оти нито сме се сакале, ниту ќе се засакаме.

925. Ѝ го плесна во сурато, а таа се напрај наудрена.

926. Кога народо удира со стапој, на удрените не им ги број.

927. Не му влегува во умо, а му излегува од уста.

928. Он лево, он десно, а они право во амбисо.

929. Чпиони, апашишта, лигуши и измеќари на власт не го слушаат народо.

930. Од акало најмногу зависи убајната.

931. Му го скрши срцето шо да не можи пак да му се напрај цело.