Потребно време за читање: 2 минути

559. Најизразита изрека на рамнодушни и малодушни:
Ќути, има и бетер.

560. Меѓу силата и умноста-опитноста.

561.-Слушајте да ви кажам.
-Џабе ти је. Глуви се при уши.

562. Непослушни на силници не можат да станат натурена власт.

563. Не знајш кај ти је местот, па зато не си чоек наместо.

564. Богат си, а живејш ко сиромав!

565. Не си сам ако не сакаш. Ако си чоек.

566. Те љубам, ама досега не стасав да ти кажам.

567.-Многу збориш.
-А ти саде молчиш!

568. Од слободоумноста најголем уплав имаат зависни властодршци.

569. Ти прајш во сè да ти је рамен, а он ти се сили ко петел на буниште.

570. Со не фаќаш од секирации утрешни.

571. Уриваат оти не се учени да доградуваат, надградуваат и градат.

572. Ќе се роди љубов и ќе си живеј живот. До смрт и по нејзе.

573. Нечинењето кога мораш да чиниш је непростливо.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, афоризми, 985-1.000

574. На народо не му требаат партии за валкани игри и борба за власт слугинска, платеничка и крадачка. Ами за живот.

575. Многу ми је криво шо дозволуаме да ни праат криво сè.

576. Народ со разнебитувачкава власт веќе не је ко да не је. Веќе не је.

577. Намислиле да го снема народо македонски, па дотогај нема да дозволат тој да си избери народна власт.

578. Ако не сакаме или не можиме доблесно, барем да пропаѓаме достоинствено.

579. Едни се неосвестени, слепи и глуви слуги, друго достоинствени на ветромет пред уништување на нивниот идентитет.

580. Пред да прифатиш зло, разбери го и биди умен. Варди се да не те збришат на патот до нивната умислена цел.

581. Биди поумен од оној шо ти се прај добар сосед и пријател. Особено оти не ги крие своите намери и цели.

582. Се прајш наудрен, а ништо не разбираш. Или разбираш, ама ти је саде важно да слугуаш покорно.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 524-558

583. Нема спас ни за нас ни за вас без нас.

584. Згрми и ќе видиш како ќе се разбегаат али ќе ги наведнат глајте пред тебе.

585. Чупе убоо, тамам помислив дека ме виде и ме загледа, а ти ми го сврте грбо.