Потребно време за читање: 2 минути

524. Секој остаа трага во својто време. Некој брзо и лесно избришлива, некој за траење во многу времиња по негојто.

525. Пази шо збориш за нешто шо не се однесуа на тебе. Нема да ти се заборај.

526. Паѓаш, па стануаш и заборааш колку те болело паѓањето. Зато веќе не знајш како напред.

527. Вам, властодршци ниедни, ич не ви је гајле за младите, ама на стари години ќе немате кој да ви ја гледа староста.

528. А бре до толку сè уназаудате, шо ќе нема шо да се унапредуа.

529. Ќе жалиш кога ќе дознајш оти ме нема? Не веруам зато шо те нема сега, дури ме има.

530. Живот животворен дури жив.

531. Од мене колку-толку, а не ни помислуам дали нешто али ништо за тебе.

532. Прво се најдуваат играчи шо знаат да играат саде на туѓа свирка, па после свирнуањето иде ко подмачкано.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 658-704

533. Власт шо не го прашуа народо за ништо, оти ич не ѝ је гајле шо знај и шо мисли, је злосторничка и велепредавничка.

534. Знам оти не можи ни да се замисли, а камо ли да се напрај партија на независни мислечки и творечки личности. А таква је единствен спас во последен час за македонскио народ и неговата исконска земја.

535. Ги пикате глајте во песок ко нојо зато шо пустинава је саде песок.

536. Се знај сè, ама знајнето меѓу дибеци и лигуши на власт не вреди ни пет пари.

537. Нема понечоечко злосторство од насилничко уништуање на исконски народ и негоа исконска земја.

538. Џабе трудење да заборајш најголема непорочна љубов.

539. На стратешкио насилнички партнер баш му је гајле шо му је провалена предизборнава и скорашната изборна ујдурма.

540. Сè е во рацете на нивните.

541. Саде да не биди предоцна за силата на народо.

542. Ако не си ја сакате таткојната, мамичето ќе ви се расплачи.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 625-657

543. Таков како тебе мајка појќе не раѓа.

544. Шо сакам да кажам, си кажуам за да се слушни.

545. Кај шо стратешкопартнерска чизма гази, народо наебуа.

546. Наредено је да се збриши народо македонски во Северџганијава, а да се напрај нација северномакедонска.

547. Со ниет си да бегаш одовде? Застрашен си и нејќиш да се бориш, а?

548. Сè нешто ми смрди оти опозицијата па ќе ја напраат опозиција!

549. Никој не ти је крив шо си прав ем испраен ем стамен.

550. Па ќе има невреме? А кога немало?!

551. Да си знајте оти ќе дојди ден кога народо пуздер ќе ве напрај.

552. Значи, ни за мивки не сте!

553. А бе луѓе, чоечево било ептен неарно во умо! Зато ли го туриле на власт?

554. Ја без нас, ја пред нас, они на колена и натртени им учинуаат на стратешките партнери.

555. Си ја има мувата на капа, та зато је гологлав.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 867-909

556. Се отепуам од мислење на тебе, љубима во песна опеана.

557. Ако се живурка и на оној свет ко на овој, исто ми је дал`сум уште жив али сум веќе умрен.

558. Дали ќе ме надживеј мојто дело? На то ич не мислам, нито то некоаш ме замислуа.