Потребно време за читање: 2 минути

867. На чоек мислител и творец, цел живот непризнаен, пред умирачка не му треба никакво признание, нито величење.

868. Не треба само да живејме. Треба и да животвориме.

869. Најмногу сме грешни кога им грешиме на чесни, искрени и доблесни чоечки души.

870. Кај ли се сневиде чоеко во тебе?!

871. Ме нема нигде откога не сум кај шо бев самотен.

872. Делата му го продолжуаат живото на нивнио творец додека им се требни на луѓе.

873. Гледам под мене и околу мене некое празно темничиште.

874. Ми игра срцево оти бев со тебе до пред будење, убост моја.

875. И вчера и денес без утре кога смртта го надвладува живото.

876. Во мое време беше и је.

877. Секое радуање за убајна на живото.

878. Децата али страдаат али се насилни најпрвин поради алчноста и аздисаноста на нивните ближни.

879. За вредностите на живото чоек мора да се учи дури је жив.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 586-624

880. Не смеј ништо да се крие од народо, а поготово ако треба народо да плаќа!

881. Правата љубов живеј и без мене и без тебе, а можи и без нас.

882. Сè може да се спречи пред да мора да се лечи. Живото нè учи како.

883. Сал од тебе зависи дали постоиш али не постоиш. Кога постоиш.

884. Најголема од сите победи на староста је победата над самоста.

885. Личната и колективните слободи се наспоредни и обусловени. Појќе во општество одошто во држава.

886. Јазико је за разбирање на луѓе и за нивна соживеачка.

887. Али тргај со мене на пато али тргај ми се од пато.

888. Парата ја обезвреднуа живеачката.

889. Секогаш да можиш дури не мораш. Оти мораш дури можиш.

890. На крстопат се прашаш накај отсега, а пред безизлез зошто вака досега.

891. Имањето је немање секогаш кога нешто ти фали.

892. Не постојам чим не ни помислуаш на она шо ти го остајв за во твое време.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 750-814

893. Голем со дело шо се припознаа ко такво. Не со какво-годе.

894. Сè појќе залудно одошто надежно.

895. Модернио живот је живот во време, а не живуркање безвременско.

896. Ми требаат луѓе свои за со мене.

897. Значи, ти не си чим не гледаш денес ништо од утрешо. А си исто ко да не си.

898. Љубима, ја радо си припомнуам колку ни беше убоо дури си бевме заедно во живото.

899. Ги преполнија длабоките џебој, та сега чекаат стратешкио партнер па да му ги натури на народо ко мафијашка власт.

900. На крив пат криви водат прави.

901. На куче шо не лае не му фали ништо.

902. Не ум требаше да умри. Тамам почна убоо да живеј.

903. Од нигде никогаш и за никаде.

904. Уште не знај носо да си го избриши, а станал политикант шо се замислуа оти је политичар.

905. Нема крај и не умира права љубов. Сеедно дали је знајна али таена.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 490-523

906. Стори добро, та заборај го за да сториш друго.

907. По паѓање стануање, ама ако си здрав и прав.

908. Сè шо вредело вреди и со и во новото вредно денес. Многу од сè секако ќе вреди.

909. Исто:
Бил ко да не бил и је ко да не је.