Потребно време за читање: < 1 минута

985. Баш абдали на власт за да го крадат и ништат народо.

986. Војвање на силник за да биди и да остани на чело на силници.

987. Кај шо долго, та предолго чади, одеднаш ќе бувни оган до небо и сè живо ќе пеплоса за после сè диво да пустоши.

988. Памти и учи најпрвин да си докажуаш на себеси.

989. Имам многу шо да ти раскажуам и прикажуам, ама ти нито слушаш, нито читаш.

990. Времињата се сменија, а ти не се прилагоди на ними. Си остана свој на свое.

991. Јасно ти је шо се прај и шо ќе се напрај, та зато баш ти је гајле.

992. Можам ја без тебе, љубима, ама ми је убоо саде со тебе.

993. Се лажиш себеси оти ти се бендисуа едно чупе меѓу сите убај. Ти се бендисуа и заради нешто друго.

994. Не си на врвојте на власта оти не си со никого на ними и цел живот искачуаш свои врвој.

Прочитај и за ... >>  НАРОДСКИ ИЗРЕКИ, 453-489

995. И мудроста со оружје…против улавштината.

996. Времето секоаш је на страна на трпеливото работење за себе. Поготово ако је то на штета на други.

997. Арната живеачка за многу животи, неарната за шо помалу на број.

998. Толку се научи на мене, шо не ни помислуа да ме остај сам.

999. Не од чоек, ами од куче учи се на верност.

1000. Малу али многу од мене за паметуање. А може и ич. Мене исто ми се фаќа.