Потребно време за читање: 3 минути

64. Гордост-Горделивостадуеност)-Суета

Гордоста е за создадено дело, со дело, за создавање дела и од дела. Горд човек дека успеал, постигнал, остѕварил, стасал на догледна цел. Блиска е, а не грешиме и ако ја изедначиме со достоинството. Гордост лична и колективна, своја и заедничка.

А околку нас толку многу горделивинадуени, суетни луѓе што веќе не можемени  да ги догледаме достоинствените, умните, вреднитевистински големите. Дури сè потешко ги препознаваме оти се сè подалеку од нашата минливост.

Тешко нам со горделиви-надуенисуетни луѓе, а без големи-поголеми од нас. Всушност, ни нема спас.

Македонски народни пословици и изреки

Горделивоста доаѓа пред пропаѓање, а наперченоста пред паѓање.

Горделивоста ги разделува, а скромноста ги привлекува луѓето.

Торбата е најтешка кога е празна.

И гордоста има граница.

Пословици и изреки од народите на светот

Подобро се гледа бубачка во мрачна ноќ, на црн камен, одошто горделивост во своето срце. (Арапска)

Барабанот е најдобар пример колку бучава прави празна мешина. (Француска)

Во главата на пијан човек му се врти дури по две-три чашки; во главата на суетен човек му се врти веќе по првата ласка. (Кинеска)

Суетата е посилна од срамот. (Германска)

Латински изреки

Извонреден карактер го валка придружена надуеност.

Домисла, гесло, мисла водилка

Малиот човек прави голема грешка ако на голем човек му приговара за мали работи.
Nepzsabadsag

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА

И најголемиот будала изгледа паметен кога нè фали.
Nepszabadsag

Нулата мошне се гордее дека од неа сè почнува.
Литературнаја газета

Надуеноста доаѓа пред погибел и горд дух пред пропаст.
Библија

Кога доаѓа суетата, доаѓа и срамотата, а во смеата е мудроста.
Библија

Нули што се надувуваат се распрснуваат.
Анонимус

Рекле, издумале

Всушност, гордоста е умисленост во која човекот од сè на светот се цени самиот себеси.
Ла Бриер

Да се спои учтивоста со гордоста е вистинско мајсторство.
Артур Шопенхауер

Горделивоста не ја исклучува остроумноста, но ја деградира.
Роналд Колман

Горделивоста ги раздвојува луѓето, скромноста ги привлекува.
Анри-Доминик Лакордер

Суетата е ознака на медиокритетот.
Лук д Клапиер Вовенарж

На стеблото на суетата цутат инфаркти.
Душан Радовиќ

Горделивоста на малите е во тоа што непрестано зборуваат за себе; горделивоста на големите е во тоа што за себе не сакаат да зборуваат.
Франсоа Мари Аруе Волтер

Најопасно оружје-тоа се луѓе со мал калибар.
Виеслав Бруджински

Горделивоста нема да влезе во блаженото престојувалиште.
Мухамед

Прекумерната горделивост е ознака на ситни души.
Иван Тургењев

Лажната понизност е вистинска горделивост.
Блез Паскал

Оние што пишуваат против суетата сакаат слава зашто напишале добро, а  нивните читатели пофалба дека читале добро. И јас, кој го пишувам ова, имам иста желба и можеби на оние што читаат исто така.
Блез Паскал

Најлоша е онаа горделивост што се вознесува со лажна скромност.
Марко Антониј Аврелиј

Човекот е суетен по природа, скромен по нужност.
Пјер Риверди

Суетата е плебејски порок.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Каде би била моќта на жените кога не би постоела машката суета.
Мари фон Ебнер-Ешенбах

Да не сме ние самите суетни, не би се жалеле на суетата на други.
Франсоа Ла Рошфуко

Ако суетата не ги руши сите наши добродетелства, нив сепак ги разнишува.
Франсоа Ла Рошфуко

Суетата е најголем ласкавец.
Франсоа Ла Рошфуко

Суетата на други е неподнослива зашто ја навредува нашата суета.
Франсоа Ла Рошфуко

Гордоста не сака да долгува, а самољубието не сака да плаќа.
Франсоа Ла Рошфуко

Природата ни ја дала гордоста за да ни го заштеди патењето поради сознанието за сопствените недостатоци.
Франсоа Ла Рошфуко

Не можете да замислите колку сликарите на портрети патат поради суетата на своите модели.
Кенет Кларк

Суетата и страстите господарат со светот. Дојдов до убедување дека суетата е основна сила и дека дури она што го нарекуваме совест е само внатрешна суета.
Гистав Флобер

Суетата и глупоста се неразделни другарки.
Пјер Оигстен Бомарше

Гордоста на срцето е атрибут на чоесен човек; гордоста во однесувањето е атрибут на будала.
Шарл Пино Дуклос

Донеси му светлина на сиромав и уште повеќе на богат зашто неговата потреба е поголема. Донеси му светлина на незналец и уште повеќе на учен зашто суетата на учениот е толку голема!
Свами Вивекананда

Секој има управо токму толку суета, колку што му недостасува разум.
Фридрих Ниче

Суетниот интелектуалец е лице кое има повеќе образование одошто интелигенција.
Херберт Спенсер

Ако некој долго стои пред огледало, можеби не стаанува збор за суета, туку за храброст.
Марк Твен

Тешко ѝ е на празна вреќа да стои исправено.
Бенџамин Франклин

Гордоста појадува обилно, руча оскудно, а вечера бедно.
Бенџамин Франклин

Во љубовта нашата суета почнува да ја презира извоената победа.
Анри Бејл Стендал

Избегнувај ги сите издатоци што ги правиш од суета.
Лав Толстој

Човек што не е луд може да се ослободи од секоја лудост, но не и од суетата.
Жан-Жак Русо

Суетниот човек ги мрази сличните на себе, а исклучителен човек бара поинакви.
Јохан Паул Фридрих Рихтер

Мртвите малку се грижат за погребните свечености што ѝ годат само на суетата на луѓето.
Еврипид

Одредена, фина, трансцедентна суета е елемент без кој не би можеле да живееме. Како искривено огледало таа пред нас ја слика вселената во која сме ние самите оживеано средиште.
Хуго Фон Хофманстал

Суетата му зборува на човекот за почести, совеста за правда.
Валтер Севиџ Ландор

Највисок облик на суета е копнежот по слава.
Џорџ Сантајана

Големите луѓе се горди, малите се суетни.
Лорд Џорџ Гордон Бајрон

Ако си сиромав, ибезгнувај друштво на оној што го мери човекот со мера на богатите.
Калил Џибран

Вистинската гордот е доволна на самата себеси.
Иво Андриќ

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here