Потребно време за читање: 3 минути

36. Јунак-Јунаштина-Храброст-Смелост

Македонски пословици за јунакот и јунаштината

И ја јунак, и коњ јунак, кога бог не помагат.

Јунак без рана не бива.

Како е рад јунак за болен-побратим, така е сиромав за пријател.

Коњо можит и јунак можит, ама кога бог не му поможуат.

Ни имал јунак, ни загубил.

Парите го праат чоеко да е јунак, тавминџија и знаен.

Ум царуа, ум робуа, а јунак лојзе копа.

Арниот јунак дома не умират.

Арниот јунак со дружина голема.

На вода јунаство нема.

На студ јунасто не бидуат.

Ни од баба бапство, ни од јунак јунасто.

Пословици од народите на светот за храброста

Му рекол волкот на песот: „Храброста не е во тоа што јас бегам а ти ме следиш, туку во тоа што ти нема да го покажеш опашот ако јас се свртам“. (Грузиска)

Прекумерна храброст-предвремена смрт. (Персиска)

Храбрите и доброто вино кратко траат. (Португалска)

Храбриот пристап е половина од победата. (Руска)

Храброста е половина среќа. (Татарска)

За јунакот секогаш ќе се најдат непријатели. (Узбекистанска)

Храбриот човек не се плаши да остане сам. (Узбекистанска)

Храброста не смее да излегува без својот брат разумот. (Германска)

Јунаковата мајка најпрвин заплакува. (Српска)

Латински изреки

Победува храброста, а не мноштвото. (Virtus, non copia vincit.)

Прочитај и за ... >>  ДУМА, ОПИТ, УКА, 158

Храбар е оној што се победува себеси. (Fortis est, qui se vinicit.)

Јунакот неправда ниту прави, ниту трпи.

Junak nepravdu niti čini niti trpi.

Храброста го пружа она што убавината го ускратува.

Домисла, гесло, мисла водилка

Кој е херој? Оној пшто својот непријател го престорува другар свој.
Талмуд

Да се бидеш храбар значи да се надеваш дека куршумот ќе погоди друг.
Анонимус

Го смеам сето она што му доликува на човек; кој смее повеќе од тоа, не е човек.
Анонимус

Рекле, издумале

Кукавицата умира повеќе пати во животот, а јунакот само еднаш.
Вилјем Шекспир

Јунак е само оној што има храброст за сопствената судбина.
Фридрих Ниче

Секој херој на крајот станува здодевен.
Ралф Валдо Емерсон

Голем дел од смелоста е смелост да се направи нешто пред други.
Ралф Валдо Емерсон

Покажи ми го херојот и јас ќе напишам трагедија.
Френсис Скот Фицџералд

Повеќето херои се како некои слики; за човек да ги цени, не смее да ги гледа одблизу.
Франсоа Ла Рошфуко

Кој никогаш не бил во опасност, не може да гарантира дека е храбар.
Франсоа Ла Рошфуко

Совршена храброст се покажува кога човек без сведок го прави она што би го правел пред целиот свет.
Франсоа Ла Рошфуко

Никој не е јунак во очите на својот собар.
Клеофил Корнуел

Големи работи исполниле оние што не ја чувствувале немоќта на човекот. Оваа нечувствителност е драгоцен дар, но мора искрено да се признае дека злосторниците носат извесни сличности со нашите херои.
Пол Валери

Во борба секогаш најголемата опасност е за оние што се плашат најмногу; смелоста вреди како бедем.
Гај Крисп Салустиј, Гај Крисп

Храброста ги ублажува ударите на судбината.
Демокрит

Секоја смела идеја на почетокот изгледа како лудост.
Јохан Волфганг Гете

Природата реагира не само на физичка, туку и на морална слабост; кога е поголема опасност, таа ни дава поголема храброст.
Јохан Волфганг Гете

Некои луѓе изигруваат смелост што ја немаат, но никој не може да изигрува памет ако ја нема.
Лорд Џорџ Сарли Халифакс

Без храброст знаењетго е неплодно.
Балтазар и Моралес Грацијан

Одважноста на умот ја надминува телесната сила.
Балтазар и Моралес Грацијан

Не е доцна ни утре да се биде храбар.
Џон Армстронг

Храбортса води до ѕвездите, а стравот до смртта.
Луциј Анеј Сенека

Храброста на ненасилникот е бескрајно посупериорна од храброста на насилникот.
Махатма Ганди

Храброста е најниска човекова добродетел зашто неа не ја поттикнуваат премногу убави чувствувања-малку суета, малку бес, многу тврдоглавост, стремеж за натпреварување и опиеност од сопствената физичка сила.
Антоан де Сент-Егзипери

Јунаштвото е цар на зло секое и пијалок најсладок душевен со кое се пијанат поколенија.
Петар Петровиќ Његош

Што би бил животот кога не би имале храброст нешто да рескираме.
Винсент Ван Гог

Смелоста е неопхона особеност за поддржување на добродетел и е секогаш почитувана, дури и кога е здружена со мана.
Семјуел Џонсон

Храбар е оној што умее да поднесува несреќа.
Марко Валериј Марцијалис

Борбата со перо спаѓа меѓу најголемите јунаштва.
Мирослав Крлежа

Храброста здружена со силата му прилега на животно; здружена со разумот му прилега само на херојот.
Платон

На малодушните и сè им значи ништо; на одважните и малку им значи многу.
Јемериас Готелф

Многумина се храбри дури тогааш кога не гледаат никаков друг излез.
Вилјем Фокнер

Одважните ги служи среќа.
Плиниј

Треба да се има на ум дека храброста е секогаш слепа, зашто не ги гледа сите опасности.
Френсис Бекон

Најсигурна и најкорисна храброст е онаа што доаѓа од добро проценета опасност.
Херман Мелвил

Да се осмелиш-тоа е цената на напредокот.
Џорџ Бернар Шо

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here