Потребно време за читање: 2 минути

24. Гајле- Грижа

Македонски народни пословици

Гајле бери оти комшијата се обогати.

Гајле зер ќе бери дека нема што да јади.

Гајлето го јади чоека, како железото `рѓата.

Таткото и мајката берат гајле за децата, затоа што бргу ќе остарат.

Трендафилот имат трнчиња и чоекот имат гајлиња.

Женцки пари маж што ќе земи, ќе му отворат тешки дердои.

Кој нема ум, нема ни гајлиња.

Пословици од народите на светот

Паметниот папсал од грижи, а будалиот се најал и спие. (Виетнамска)

Грижите одложи ги навечер сосе облеката, но наутро не ги облекувај. (Данска)

Кој нема грижи, нека си го ожени синот. (Финска)

Малите грижи говорат, а големите молчат. (Данска)

Човек не живее ни стотина години, а грижи се собираат на илјадници. (Кинеска

Луѓето се грижат за целиот леб, а доволно им е и едно парче. (Холандска)

Грижата предвреме, а грижата навреме и грижата потоа се излишни грижи. (Германска)

Само главата на тиквата е без грижи. (Романска)

Не знаеш што е грижа дури не солиш со своја сол. (Словачка)

Нема грижа без нејзината сестра тагата. (Шведска)

Голем брод, голема грижа. (Италијанска)

Своите грижи Германецот ги запива, Французинот ги отпејува, Шпанецот ги исплакува, а Италијанецот ги преспива. (Германска)

Кој нема памет, нема ни грижи. (Српска)

Грижата во срцето човечко соборува, а добриот збор развеселува. (Српска)

Оној што не може да спие знае колку е долга ноќта. (Виетнамска)

Домисла, гесло, мисла водилка

Значи, не хрижете се за утре зашто утре ќе се грижи за сè. Доста му е на секој ден своето зло.
Библија

Рекле, издумале

Најголем дел од грижите се засновани на неоправдан страв.
Жан Пол Сартр

Малите грижи говорат, а големите молчат.
Луциј Анеј Сенека

Проблем постои само ако сметаме дека е тоа проблем.
Вилхелм Милер

Пламенчето ќе згасне никогаш не станувајќи оган, ако за него никој не се грижи.
Абдурахман Џами

Грижата во светот влезе преку мрзеливоста.
Жан д Ла Бриер

Луѓето кои многу даваат и од кои многу се очекува не смеат да заборават на своето тело и здравје. Ние сме должни да ги потсетиме на нивната значајна улога; тие не смеат да го растураат својот капитал, инаку ќе ја изгубат моќта на давањето.
Рабиндранат Тагоре

Кој се меша во туѓи проблеми, си создава на себеси нови проблеми.
Греам Грин

Луд е оној што се грижи за туѓи работи, а своите ги запоставува.
Публиј Маро Вергилиј

Изобилството не ја намалува човечката грижа и не ги утешува човечките срца.
Албиј Тибул

Грижите повеќе го убиваат човекот отколку работата. Затоа многу луѓе умираат, зашто се повеќе оние што кукаат отколку оние што работат.
Арт Бухвалд

Не грижи се за неуспехот, грижи се за шансите што ги пропуштат кога не се ни обидуваш нешто.
Џек Канфилд

Фрли ги твоите грижи заедно со алиштата кои ги соблекуваш навечер.
Наполеон Бонапарта

Кога не сум очаен, јас воопшто не сум добар.
Иво Андриќ

Грижите не можат да се удават во алкохол зашто знаат да пливаат.
Хајнц Рухман

Колку е грижата поголема, човекот е пожив. Најжив е кога го оптоваруваат претсмртните.
Борислав Пекиќ

Да се живее лесно сè уште не значи да се живее добро. А да се живее без грижи, можеби значи-воопшто да не се живее.
Борислав Пекиќ

Нашиот умор најчесто не е предизвикан од работата, туку од грижите, фрустрациите и незадоволството.
Дејл Карнеги

Наместо да се грижиме однапред, подобро е однапред да размислуваме и да планираме.
Винстон Черчил

Работата на нас шоумените е да ги ослободуваме луѓето од грижи.
Кес Елиот

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here