Потребно време за читање: 2 минути

11. Ќеф-Задоволство-Незадоволство

Македонски народни пословици

Дури на богатиот да му дојт ќејфот, на сиромајот ќе му излезит душата.

Богатите не им сочувствуваат на сиромасите и не ги сожалуваат, ами си го гледаат само своето задоволство.

На чорбаџијата ќефо додека да му дојде, на сиромао душата ќе му искокне.

За ќефот твој не си го пукам меот мој.

На богатио дури да му дојди ќеот, на сиромајо ќе му стоит празен меот.

Пијаницата саде ќев терат, а децата без леб седат.

На незадоволните ниедна столица не им е удобна.

Кој е со малку задоволен секаде наоѓа богата трпеза.

Незадоволен стомак бразда не ора.

Пословици од народите на светот

Бев бесен оти немам чевли; а тогаш сретнав човек без нозе и бев задоволен со својата судбина. (Кинеска)

Задоволството е како каменот на мудреците, кои сè што ќе допрат претвораат во злато. (Англиска)

Задоволството почесто живее во колиба отколку во палата. (Англиска)

Кукавицата исто така се весели на своето пеење како и славејот на своето. (Холандска)

Ништо нема оној кому ништо не му е доволно. (Португалска)

Доволно има оној кој е задоволен со она што го има. (Португалска)

Домисла, гесло, мисла водилка

Од задоволство се раѓа патење, а од страста се раѓа страв. Ако е човек ослободен од задоволството, тој е ослободен од страв и патење.
Дхама-падам

Рекле, издумале

Неумесно е да се отфрли задоволството од страв од патење: треба да се увиди дека тоа се согласува со нашата природа.
Кабир

Сите дарови, сите љубезности на светот не можат да заменат еден момент на задоволство.
Јохан Волфганг Гете

За адоволство на овој свет мора да се плати.
Џон Голсворди

Има ли поголемо задоволство од тоа да се биде без секојдневни грижи?
Гај Валериј Катул

Мудриот човек не се занимава со ниските задоволства на сетилата.
Конфучиј

Самозадоволен човек-тумор на градите на општеството.
Максим Горки

Будалиот има предност пред надарениот човек: секогаш е задоволен со самиот себе.
Наполеон Бонапарта

Сето задоволство почива на сразмерност, неззадоволството на несразмерност.
Фридрих Ниче

Чудно: желбата за извесни задоволства е дел од моето патење.
Калил Џибран

Задоволството е интервал помеѓу две незадоволства.
Агата Кристи

Ниеден човек не е хипокрит во своите задоволства.
Абер Ками

Кога некој постојано и со сешто е незадоволен, тоа сепак мора да му причинува некое задоволство.
Душан Радовиќ

Навистина, небото ни ускратува извесни задоволства, но човекот може со нив да се спогоди.
Молиер

Ако на луѓето им ги одземеме нивните илузии, тогаш кое задоволство би им останало?
Франсоа Волтер

Подобро е да се биде незадоволно човечко суштество откоку задоволно прасе; подобро е да се биде незадоволен Сократ одошто задоволен будала.
Џон Стјуарт Мил

Бог да чува, јас не барам ништо од богостворените суштества; во моето срце има цел свет на задоволства.
Мухамад Руми

Моето мото е: задоволен со малку, сепак сака повеќе.
Чарлс Ламб

На мудриот му треба малку за да биде задоволен. Глупавиот ништо не може да го задоволи. Поради тоа речиси сите луѓе се бедни.
Франсоа Ла Рошфуко

Ниедно задоволство не е зло, но нештата што прават одредени задоволства наметнуваат неприлики многу поголеми од самите задоволства.
Епикур

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here