Потребно време за читање: < 1 минута

22. Полет

Неговит полет го забележаа
сите дамна мртви,
па сите сè уште живи
од небо до земја,
едновремено на небо
и во земја;
всушност беше забележан
тој при полет
со крилја раскрилени.

Прво долета во простор
безвремен
што го прелета
со неизмерен напор;
потоа навлезе во време
безгранично
за да открие нови игри
на зборови кои пред него
никој друг не ги заиграл
невино, детинесто,
а и тој не ги играл ко дете
пеејќи молчаливо песни
од искони.

Му пораснаа крилја
штом научи да чекори
стамено
низ светлини и мрачнини
на крајни форми
без содржини
сосе крајни содржини
без форми.

Кога му зајакнаа крилјата,
а стаменоста на чекорот
му стана екотна во тишина,
веќе ништо не можеше,
веќе ништо не може
да му го сопре восхитот
од доблесна убавина
освоена со смисловна
постојаност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here