Потребно време за читање: < 1 минута

53. Што има од него

Од него има нешто секогаш
кога треба нечиј молк
да се обгради со зборови
кои не се разбираат
за да го ослободат,
туку треба да заживеат
како живот на живи луѓе
со свои блиски и далечни
огнови во своите срца.

И кога нема ништо некогаш
од него дека не е
пред запустена земја
меѓу студенина и мрачина,
и тогаш он стои стамено
на свој врв,
сеедно самотен ли е
или со некој што споделува
со него нов спокој.

Сега уште има нешто
од него сè уште недокажано
што излегло на виделина.

Он нема сила и расположба
ни да му се доближи,
а камо ли да го дофати,
па одново да го обликува
како свое дело.