Потребно време за читање: < 1 минута

18. Молскоти

Молскот меѓу два
скрвавени облака.

Молскот во простор
со страсни соништа.

Молскот од самост
дамна замолчен.

Молскот за состојба
што менува текови.

Молскот пронајден
од незапирлив чекор.

Молскот како будење
по бескрајно лунѕање.

Молскот единствен
зашто не е случаен.

Молскот на љубов
што раѓа совремие.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here