Потребно време за читање: 3 минути

11. 2. 8. Индустрија

Индустријата е мошне комплексна проблематика која на современото-модерното радио бара посебен простор, но и во рамките на третманот на севкупноста на општествено-економскиот, политичкиот, културно-образовниот развој, социјалната политика итн.

Тоа е условено од нејзината поделба на одделни области според различни критериуми, a што од друга страна наметнува приоритетност условена од расположливите ресурси на една земја и од политиката на севкупниот развој.

Конкретизацијата наложува ангажман на повеќе новинари: разграничување на индустриското и земјоделското производство (земјоделство како посебна област-аграрно стопанство); индустријата на екстрактивна и преработувачка, тешка и лесна; на посебни индустриски гранки-рударство, електрична енергија, гадежништво итн.; а особено групирањето според технолошко-економски критериуми: енергетика, металургија, производство и преработка на неметали, преработка на метали и електроиндустрија, производство на хемиски производи и хартија, преработка на дрво, производство на текстил, кожа и гума, производство на прехранбени производи и тутун, и останата индустрија.

Основните сознанија за одделните индустриски комплекси го конкретизираат и новинарскиот ангажман, како и застапеностa на доминантни новинарски радио-жанри.

Екстрактивната индустрија ги зема суровините директно од земјата или водата и така се користи со природните богатства: рударство, индустрија на неметали и индустрија на градежни материјали.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Преработувачката ги преработува или обработува производите на екстрактивната индустрија, на земјоделството и шумарството, како и на оние добиени по синтетички пат.

Тешката индустрија го претпоставува производството на базични суровини (на пр. јаглен, челик и нафта), на електрична индустрија и фабрички машини и постројки.

Лесната, пак, ги содржи производите на предмети за широка или индивидуална потрошувачка: текстилни производи, кожа и обувки, прехранбени производи и мебел.

Во рамките на индустрискиот комплекс влегува и земјоделството со своите гранки-градинарството (житарици, индустриски растенија, зеленчук, крмни растенија), овоштарството (производство на свежо овошје и овошен саден материјал), лозарството (производство на грозје и лозен саден материјал), сточарството (производство на жива стока, сточни производи и шталско ѓубриво), рибарството.

Во рамките на земјоделството е и домашната преработка на земјоделски производи-производство на преработки од овошје и зеленчук, млечни преработки и останати земјоделски преработки.

Исто така и агрономијата, a како наука за земјоделството-техничко-технолошки решенија.

Особен интерес за континуиран новинарски ангажман претставува економиката на индустријата и индустриската политика, нивните домени на истражување-производна структура, економски систем на комбинирање на факторите на производство, ефикасност и продуктивност на производството и работењето, морфологија на индустрискиот пазар и деловниот успех, вложувања во развој; унапредување на ефикасноста на индустријата по пат на технолошки иновации, модернизација, методи на управување и дејствување; оспособување на работната сила-таа да биде прилагодлива на задачите на индустријата; давање поттик расположливите ресурси да се насочат кон високопродуктивни индустрии; специјализација на производството, на преминот на нови производи во зависност од промените во доменот на побарувачката; потоа, олеснување на прилагодувањето на промените со одбегнување на општествените неусогласености и потреби, посебно невработеноста, како и со респектирање на трите значајни економски еквилибриуми-одржување на сообразноста на трендовите на трошоците, цените и доходот, усогласувањето на јавните финансии (буџет) и на билансите на плаќањето, развивање на ефективни методи кои од една страна ја намалуваат неусогласеноста на индустријата со потребите на општеството, а од друга ја оспособуваат индустријата да одговори на новите и сè поравиени потреби од заштита на човековата околина, здравјето, образованието и други слични цели.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Третманот на индустријата на програмата на радиото на современата модерност може да се постави и дефинира на два начина: со изделување-групирање на одделни области-комплекси, обусловени едни од други, и со селективен пристап-доминација на оние области-комплекси што се позначајни, поразвиени во една земја и се дел од севкупниот перспективен развој. Вториот начин е порелевантен во однос на првиот и овозможува потемелна новинарска профилација.

Конкретниот новинарски ангажман, пак, акцентот повеќе го става на програмската соработка со компетентни лица, стручњаци, а тоа значи и соодветна едукација на слушателскиот аудиториум.

Темелните познавања и сознанија овозможуваат градење на сопствен став, критички однос и афирмација на вредностите, постигањата, конкретните резултати во корелација со постигањата во индустрискиот развој на развиените земји во светот. Компаративните предности во таа смисла претставуваат афирмација на една земја во светот, на нејзиниот настап на светскиот пазар, конкурентската способност. Ваквиот пристап овозможува аналитички согледби на одделни прашања и проблеми од општ интерес за севкупниот развој на земјата.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here