Потребно време за читање: 3 минути

11. 2. 13. Комунален систем-комунални дејности

Без оглед на различните толкувања и приоритетните заложби во дефинирањето на комуната (-општината), нејзината суштина е секогаш иста, во секој општествено-политички систем: комуните (општините) се облик на општествено-политичка организација на економскиот и социјалниот живот, како конститутивен фактор на општествено-економскиот систем, како дел од инфраструктурата на демократскиот живот. Во неа се остваруваат интересите и потребите на работните луѓе и граѓаните на рационален начин, во утврдени просторни координати.

Во комуната (општината), како поим на амбивалентност на политичката содржина, се конкретизира и остварува непосредната демократија и поопштествувањето на политиката. Тоа значи: организација и поттикнување на развојот на стопанството, воспитанието и образованието, културата, физичката и техничката култура, здравството, општествената грижа на децата, социјалната заштита, комуналните проблеми, становањето, снабдувањето и сл. Всушност, станува збор за материјални и други животни потреби на жителите во комуната (-општината), со заедничка содржина и со заеднички интерес. Следствено, без оглед на интенциите на комуналниот систем, на неговата изграденост, формалната и содржинската детерминираност, комуналните дејности се секогаш исти.

Од тој аспект и зборуваме најнапред за комуналните дејности, а потоа и за комуналниот систем, односно за нивните корелативни елементи.

Комуналниот систем се дефинира како начин на уредување не само на локалното, туку и на глобалното општество-структура на локалните, регионалните и пошироките заедници. Еден вид рамка на дејствување на луѓето во општеството.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Функционирањето на комуналниот систем, на неговата организациона структура, канкретно работењето на општинското Собрание (-Парламентот), Извршниот совет, соборите и другите органи, се следи и вреднува низ валидноста на одлуките и решенијата што се донесуваат, заедно со нивните практични последици врз животот и организираната активност на граѓаните. Пред сè преку конзистентноста на комуналната политика (и колку е таа во судир или е механички интегрирана во централната политика), а потоа низ остварувањето на развојот и перспективите на комуналното стопанство, структурните елементи, вертикалното и хоризонталното поврзување на регионален и поширок план итн.

Комуналниот систем и неговото (не)функционирање се анализираат и валоризираат компарирајќи ги со другите европски и светски искуства.

Во рамките на севкупните реформски зафати и европските интеграции, како поуспешно, порационално и поефикасно комунално организирање се наметнува традиционалната локална самоуправа и нејзиниот регионален карактер (регионализам), при што е најважно утврдувањето на компетенциите на локалната самоуправа и надлежностите околу средствата како прашање на формата и содржината (примерот на Италија). Ова особено затоа што нашата досегашна комунална организираност го покажа крајно негативната, до апсурди централизирана моќ на општинската власт.

Комуналната политика е мошне комплексна и разградена, а нејзините просторни координати се прошируваат и преку регионалната поврзаност на комуналното стопанство, односно на комуналните фондови.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Без оглед на устројството, комуналната политика содржи основни компоненти што ја определуваат и значат нејзина конкретна валоризација: станбената политика, локалната сообраќајна политика, политиката на локалните такси, буџетската политика од локални елементи, политиката на комуналните служби и дејности, политиката на развојот на локалните заедници, локалното стопанство и инвестициите, локалното законодавство и сл.

Станува збор за посебна дејност (-политичка активност) која ги насочува другите дејности на подрачјето на локалната заедница (на пример, станбената изградба); локалното стопанство своите дејности ги остварува преку комуналните фондови кои претставуваат мрежа на објекти и уреди вградена во физичката структура на земјишните комплекси на својата населба и се составен елемент на инфраструктурниот систем. Во тој инфраструктурен систем најзначајни за организацијата и функционирањето на комуналниот живот се производите и услугите од индивидуалната и колективната комунална потрошувачка.

Од индивидуалната: снабдувањето со вода, електрична и топлотна енергија, превоз на патници во јавниот градски и приградски сообраќај, отстранување на сметот од градот, погребување на мртви; користење на паркинг просторот и јавните гаражи.

Од колективната потрошувачка: становањето, стопанските и нестопанските активности, здравството, школството, културата, спортот и рекреацијата; користењето на јавните сообраќајни површини, користењето на јавни градски зелени површини, одводот на атмосферските и отпадните води, одржувањето на јавната хигиена во населбата итн.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Притоа, рамковна основа на планирањето и изградбата на комуналните фондови, како и нивното обединување во комплексни техничко-технолошки целини, претставува урбанистичкиот план.

Кога зборуваме за комуналните фондови, не треба да се заборави ни регионалниот аспект на некои негови делови и нивното вертикално и хоризонтално поврзување: вертикалното како окрупнување, односно интегрирање на слични делови и создавање на комплементарни агрегати, а хоризонталното како интегрирано поврзување на истоветни комунални дејности дислоцирани на поширок простор за обединети да прават функционална целина. Ги имам на ум пред сè електроенергијата, снабдувањето со вода, одводот на искористените и атмосферски води, градските магистрални сообраќајници и слично.

Што се однесува на новинарското следење-„покривање“ на комуналната проблематика, тоа исто така треба да се остварува во две насоки: локална и регионална. Притоа, локалниот третман значи најпрвин регистрација на секој импулс на комуналното (-градското) живеење и активен придонес во неговото квалитетно збогатување и усовршување. Регионалниот, пак, подразбира селективен пристап и комплексна „обработка“ на локалната информација. Селективноста го сугерира поширокиот интерес, а комплексноста сложеноста и поголемата професионалност, односно компетентност во истражувањето, толкувањето и изнаоѓањето можни исходишта за одделни прашања и проблеми од поширок општествен интерес.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here