Потребно време за читање: < 1 минута

НА ВРВИЦА

Човек во пајакова мрежа
стои исправен среде круг
и од него

Небесна песна

Над мене небо невидливо,
ширно, недогледно.

Одамна ме вика да полетам
полетно кон него,
да бидам со неа на него.

Моја си, песно небесна
од моево срце вековито,
од мојава душа исконска.

Зашто си без збор,
зашто само јас те слушам,
зашто скоро ќе бидам
со тебе на небово над мене.

Сигурен сум дека
кога-тогаш ќе ја слушнат
и ќе ја научат наизуст
мојава исправеност
среде кругов.

А потоа лесно
ќе се ослободам од оваа
прва пајакова мрежа.

До вторана спротива.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here