Потребно време за читање: 2 минути

Може ли пролонгирањето- одолговлекувањето на решението за „билатералниот проблем“ за името на Република Македонија да предизвика меѓуетничка дестабилизација во земјава? Не е невозможно! А кој би ја иницирал, „режирал“? Кој друг, ако не „меѓународниот фактор“?

Сепак, многу е пореално дека се ќе остане само во рамките на притисокот што побрзо да се изнајде компромисно решение- ново име, со „поголемо попуштање“ на земјава.

Кое решение? Најнеизвесно и најопасно е да се договори новото име, а „проблематизирањето“ на идентитетот на македонскиот народ, во сета негова комплексност, да се премолчи. Тоа би значело само одлагање за „некое време“ и менување на идентитетот (на пример „Северномнакедонци“) по „автоматизам“.

Изјава на македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, на отворањето на новите простории на македонската амбасада во Република Словенија:

„Добивањето датум за почеток на преговорите со ЕУ не зависи само од Македонија, туку и од Грција кај која треба да преовладее прагматизмот.

Прочитај и за ... >>  Стручен консултант

Дали ќе ја постигнеме целта – добивање датум за почеток на преговорите со ЕУ, не зависи само од нас. Ќе се потрудиме да направиме се што е во наша моќ, вклучително да ги интензивираме и нашите дијалози со соседна Грција за билатералниот спор. Но, дали прагматизмот и разумот ќе преовладеат кај официјална Атина не би можел да одговорам. Се надеваме, иако засега немаме охрабрувачки сигнали.

Ако навистина реториката оди во насока на добрососедските односи, тогаш треба и делата и содржината да го покажуваат тоа. Македонија е подготвена за збогатување на соработката и се надеваме дека и Грција ќе покаже подготвеност повеќе од она што досега реторички го прокламира“.

Според него, добар сигнал е залагањето на Словенија и на неколку други земји, кои во текот на шпанското претседателство со ЕУ се обидуваат прашањето на Македонија и на Западен Балкан и неговото интегрирање во ЕУ да не остане заборавено.

Вчера МНР иницира директна средба помеѓу Милошоски и алтернативниот шеф на грчката дипломатија Димитрис Друцас. Имено, до официјална Атина е испратено барање тие да се сретнат во Лондон на 28-ми јануари, на маргините на меѓународната конференција за Авганистан. Освен за името, би се разговарало за многу теми, како и за подигнувањето на односите на повисоко ниво. По нивната средба контактите би продолжиле на премиерско ниво.

Прочитај и за ... >>  Има ли македонската опозиција „црвена линија“ при решавање на „спорот“ со Грција?

„Веројатно и во Република Грција еден ден ќе се роди политичар како претседателот Желев, кој ќе може порационално и подолгорочно да ги согледа балканските случувања, каде што секогаш имало повеќе историја отколку географија. А јас сега мислам дека е време да работиме за нашата иднина со сите сили и заедно“, изјави Милошоски.

Меѓутоа, македонскиот премиер Никола Груевски не е оптимист дека овие средби ќе донесат нешто:

„Апсолутно, доста ќе бидат долги и детални разговори. За жал, сигналите што доаѓаат досега од Република Грција не оставаат преголем простор за надеж дека нешто ќе се случи, но да се надеваме дека дотогаш нешто ќе се промени и во свеста и генералното позиционирање на нашиот сосед. Затоа што деновиве доаѓаат многу негативни коментари во однос на нивната позиција, па преку средби и изложување на аргументи и нови идеи можеби и ќе дојде до нешто ново“.

Филип Рикер, амбасадор на САД во Македонија:

„Прашањето е за тоа кое име ќе се користи во национални рамки. Веруваме дека проблемот може да се реши без да се влијае врз идентитетот и наследството. Во првата половина на годинава очекуваме македонските власти да го следат и да го решат овој проблем што трае веќе 18 години. Сега е најдобар момент“.

Прочитај и за ... >>  Македонија и натаму делумно слободна земја

Денеска посредникот на ОН добил покана во претстојниот период да дојде во Атина. Ја упатил заменик- министерот за надворешни работи Димитрис Друцас, кој вчера од Брисел му телефонирал на Нимиц се вели во соопштение на грчкото МНР.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here