Потребно време за читање: < 1 минута

16. Духовен водач

Никој не го знае, никој не го познава. Го знаеле некои порано, некогаш, го познавале, дури биле заедно некое време. Но. веќе со години никој не го видел, камо ли да го сретне, камо ли да мине понекој заеднички миг со него. А го сметаат за предводник на народот! Како? Со што?

Единствено како и со што може: со мисла, збор и дело. Значи се слуша, се чита, се следи. Со мисла и збор се велича, со дело се возвишува.

Тој е обична, едноставна, простосрдечна, самосвесна, самобитна, слободна, независна мислечка и творечка личност. Искрена, чесна и…самотна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here