Потребно време за читање: < 1 минута

41. Сивота

Ви кажувам да
не се предавате
на најмала, најпроста
сивота што живурка
меѓу две студенини
во вашите срца
и вашите души.

Секоја соголена
наваксува
во миг на молк
или на немски говор
за да не може никој
совреме во себе
да ја сопре,
совреме од себе
да ја оддалечи
пред премалување,
да ја изгони дури
во свеста не заживее.

Секоја сивота долго
се опира на будни
луѓе
кои немаат со кого
сомненија, радости,
јадости да споделат,
па не им иде на ум
дека можат просто
да ја поразат
на пат кон виделина.

Ама притоа да внимаваат
да не ги прибере во себе,
за себе, со себе,
па од неа толку да се
обессилат
што да не можат крилја
да раскрилат
и дури се единствени,
дури се непорекливи
во ново годишно доба
да долетаат.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here