Потребно време за читање: 8 минути

Вирусот А Х1Н1 во Република Македонија почна да се шири забрзано и во наредниот период секој ден ќе заразува се поголем број на граѓани, а пред се млади и деца- ќе се бројат не со стотици, туку со илјадници нови случаи. Како насекаде во светот (пандемија), и во земјава веќе се регистрираат и смртни случаи (втор), а едновремено се повеќе реакции и сомнеж односно страв од вакцината- колку е безбедна, дали (ќе) има и какви последици од неа по здравјето на краток и долг рок. Ова особено откако Светската здравствена организација (СТО) предупреди на внимателност.

На Интернет, пак, има се повеќе текстови, расправи, „лаички“, на експерти, и видео клипови (на YouTube) во кои се изнесуваат мислења и ставови, но и аргументи и факти дека станува збор за светска завера, за бизнис криминал на најголемите фармацевтски компании во светот.

Во Македонија е регистриран втор смртен случај од вирусот А Х1Н1. 77-годишен пациент бил хронично болен, по првите симптоми бил хоспитализиран на Клиниката за пулмологија, а потоа на Интензивно лекување и реанимација каде што починал пред два дена. Починал пред да се утврди дека е заразен.

Денеска, пак, пациентка од Клиникат во критична состојба била однесена на Инфективна каде што е приклучена на респиратор. Се уште е критична состојбата на пациентката која на Клиниката е примена пред една недела.

Апел од Комисијата за пандемски грип: болеста се шири каде што лежат најкритично болните, па болниците навреме да ги откриваат заразените.

На Инфективна денеска се хоспитализирани 6- мина нови пациенти, а на Инфективна 79- мина заболени. Досега од новиот грип се регистрирани околу 640 лица.

Министерството за здравство порача дополнителни 20.000 вакцини од производителот „Бакстер“, наменети за хронично болните, бремените жени и децата до 3 години.

Токму во врска со вакцините: сомничавост и резервираност кај граѓаните, но и кај здравствените работници за нивно прифаќање- примање.

СЗО предупреди на внимателност поради десетина случаи на парализа по примањето, а министерот за здравство Бујар Османи смирува: вакцините се безбедни. Вакцинацијата на медицинскиот персонал продолжува, но интересот е се уште слаб. Во Итната медицинска помош се испорачани 250 дози, а се вакцинирале само 30- мина вработени. Денеска се вакцинираше на Детската клиника. Само уште вакцините да…пристигнат!

Имено, најновата вест е дека Министерство за здравство најверојатно ќе го раскине договорот со веледрогеријата „Кемофарм“, бидејќи не ги испорачала вакцините во предвидениот рок, а ќе се бара донација.

Според најнови сознанија и проценки, состојбата со грипот се очекува да кулминира околу Нова година. Во сите градови ќе се организираат пунктови кои ќе вршат прегледи исклучиво на луѓето со симптоми на грип.

А како е во други држави? Растат ли сомневањето и резервираноста во вакцините или, пак, преовладува мислењето дека станува збор за обични шпекулации?

Во Словенија е регистриран прв случај на компликација по нејзино примање: на 77- годишна жена веднаш по вакцинирањето и запрела работата на срцето. Дали болките во срцето биле предизвикани од вакцината тамошното Министерство за здравство ќе утврди во наредните денови.

Во врска со реакциите, сомнежите и фактите и аргументите за вакцината против свинскиот грип:

Проверив разни адреси на Интернет и прочитав многу искази на стручњаци, медицинари, лаици. Се разбира, непроверени но и тешко проверливи. Меѓутоа, во некои текстови и форумски дискусии сретнав некои од поодамна познати нешта:

Вирусот A/H1N1 не е сосема нов вирус, туку на научниците им е познат веќе 70 години (!), а неговата појава е забележана 2 пати во 20. век. Тој предизвикува занемарлива смртност.

Прочитај и за ... >>  Невешта замка: едно име за севкупна употреба

Постојат најмалку 3 обележја кои ја следат новата вакцина и ја прават различна од вообичаеното вакцинирање: таа се состои од 3 вируси, односно се примаат 3 ослабени живи вируси, што значи дека веројатноста од споредни штетни ефекти, која ја имаат сите, е тројно зголемена; натаму, на огромното количество на дози што е потребно да се произведат се додаваат адитиви одговорни за будење на имунолошкиот систем на организмот, кои досега воопшто не се употребувани, а тоа резултира со зголемување на имунитетот; тие се 10 пати посилни од досегашните, па можноста од оштетување на централниот нервен систем е еден од несаканите ефекти, како и парализа и артритис, во минатото веќе забележани; и трето, фармацевтските компании по секоја цена сакаат да симнат од себе секоја одговорност за можни несакани ефекти на вакцинирање- во САД веќе стапил на сила акт дека ниту тие, ниту државни официјални органи вклучени во кампањата на вакцинирање не одговараат за можни несакани последици.

Кон претходното треба да се забележи и откриениот случај на заразен материјал на компанијата Baxter.

И ова: ако вирусот на свинскиот грип во иднина и покрај вакцинирањето предизвика поголема смртност отколку досега, тоа ќе значи дека или мутирал (во што е тешко да се поверува) или е тоа друг вирус, а не оној за кого е предвидена и произведена вакцината. Во обата случаја таа нема да дејствува заштитно, а може дури и да стане средство за пренесување на зараза со новиот вирус .

Мојот интерес особено го предизвика еден текст на Д-р Расел Блејлок (Dr. Russell Blaylock), водечки неврохирург, кој ја оформил својата интернистичка и невролошка практика на Медицинскиот факултет на Јужна Каролина во Карлстон (САД). Тврди дека вакцината е сто пати (!) поопасна од свинскиот грип. Ме остави со отворена уста! Насловот е: „Вакцината против свинскиот грип опасна по здравјето?“.

Ги наведува опасните материи во неа:

-содржи 2 ужасно опасни материи- едната се вика тимеросол (thimerosol), а во чиј состав има 50% жива; тој се врзува на рецепторите во мозокот и всушност предизвикува негово оштетување; втората се вика скален (squalene) и го мами вашиот имуно систем да почне да ги убива вашите сопствени ќелиии, што создава авто- имуни болести како што се астма, мултиплекс склероза, дијабетес и многу други се уште неименувани болести.

Го потенцирам следново:

„Јас сум стручњак за критичка анализа на лекови и нивните ефекти врз луѓето. И нека некој само се осмели да дојде до мене со шприц полн со вакцина против свински грип или да дојде близу до моето семејство, зашто ќе ја земам иглата од нив и ќе ги прободам со неа со серија мошне силни убоди!

Оваа работа е отровна. Немојте да ја земете. Не дозволувајте тоа да го земат ваши пријатели. Не дозволувајте тоа да го земе вашето семејство. Ако некој идиот во лабораторија ве праша: ја сакате ли оваа вакцина, прашајте го за тимеросол, за сквален, и зошто компанијата која го направила тоа сака да има правно ослободување од можна тужба, и потоа погледнете ги нивните лица кои ќе имаат изглед од типот: О, боже мој, па вие ме изрешетавте со серија прашања на кои навистина нема одговор!“.

Прочитај и за ... >>  Берлускони си го „окрка“

Сомневање: не „свинскиот грип“, туку вакцината против него опасна по здравјето!

Вирусот А Х1Н1 во Република Македонија почна да се шири забрзано и во наредниот период секој ден ќе заразува се поголем број на граѓани, пред се млади и деца- ќе се бројат не со стотици, туку со илјадници нови случаи. Како насекаде во светот (пандемија), и воземјава веќе се регистрираат и смртни случаи (втор), а едновремено се повеќе реакции и сомнеж односно страв од вакцината- колку е безбедна, дали (ќе) има и какви последици од неа по здравцјето на краток и долг рок. Особено откако Светската здравствена организација (СТО) предупреди на внимателност. На Интернет, пак, има се повеќе текстови, „лаички“ и на експерти, и видео клипшови (на YouTube) во кои се инесуваат мислења и ставови, но и аргументи и факти дека станува збор за светска завера, за бизнис криминал на најголемите фармацевтски компании во светот.

Во Македонија е регистриран втор смртен случај од вирусот А Х1Н1. 77-годишен пациент бил хронично болен, по првите симптоми бил хоспитализиран на Клиниката за пулмологија, а потоа на Интензивно лекување и реанимација каде што починал пред два дена. Починал пред да се утврди дека е заразен.

Денеска, пак, пациентка од Клиникат во критична состојба била однесена на Инфективна каде што е приклучена на респиратор. Се уште е критична состојбата на пациентката која на Клиниката е примена пред една недела.

Апел од Комисијата за пандемски грип: болеста се шири каде што лежат најкритично болните, па болниците навреме да ги откриваат заразените.

На Инфективна денеска се хоспитализирани 6- мина нови пациенти, а на Инфективна 79- мина заболени. Досега од новиот грип се регистрирани околу 640 лица.

Министерството за здравство порача дополнителни 20.000 вакцини од производителот „Бакстер“, наменети за хронично болните, бремените жени и децата до 3 години.

Токму во врска со вакцините: сомничавост и резервираност кај граѓаните, но и кај здравствените работници за нивно прифаќање- примање. СЗО предупреди на внимателност поради десетина случаи на парализа по примањето, а министерот за здравство Бујар Османи смирува: вакцините се безбедни. Вакцинацијата на медицинскиот персонал продолжува, но интересот е се уште слаб. Во Итната медицинска помош се испорачани 250 дози, а се вакцинирале само 30– мина вработени. Денеска се вакцинираше на Детската клиника. Само уште вакцините да…пристигнат!

Имено, најновата вест е дека Министерство за здравство најверојатно ќе го раскине договорот со веледрогеријата „Кемофарм“, бидејќи не ги испорачала вакцините во предвидениот рок, а ќе се бара донација.

Според најнови сознанија и проценки, состојбата со грипот се очекува да кулминира околу Нова година. Во сите градови ќе се организираат пунктови кои ќе вршат прегледи исклучиво на луѓето со симптоми на грип.

А како е во други држави? Растат ли сомневањето и резервираноста во вакцините или, пак, преовладува мислењето дека станува збор за обични шпекулации?

Во Словенија е регистриран прв случај на компликација по нејзино примање: на 77 годишна жена веднаш по вакцинирањето и запрела работата на срцето. Дали болките во срцето биле предизвикани од вакцината тамошното Министерство за здравство ќе утврди во наредните денови.

Во врска со реакциите, сомнежите и фактите и аргументите во врска со вакцината против свинскиот грип:

Прошетав низ разни адреси на Интернет и прочитав многу искази на стручлњаци, медицинари, лаици. Се разбира, непроверени но и тешко проверливи. Меѓутоа, во некои текстови и форумски дискусии сретнав некои од поодамна познати нешта:

Прочитај и за ... >>  Кој ја подгрева меѓуетничката тензија

Вирусот A/H1N1 не е сосема нов вирус, туку на научниците им е познат веќе 70 години (!) и неговата појава е забележана 2 пати во 20. век, а предизвикува занемарлива смртност.

Постојат најмалку 3 обележја кои ја следат новата вакција и ја прават различна од вообичаеното вакцинирање: таа се состои од 3 вируси, односно се примаат 3 ослабени живи вируси, а тоа значи дека веројатноста од споредни штетни ефекти, која ја имаат сите, е тројно зголемена; натаму, на огромното количество на дози што е потребно да се произведат се додаваат адитиви одговорни за будење на умнолошкиот систем на организмот што резултира со зголемување на имунитетот, а кои досега воопшто не се употребувани; тие се 10 пати посилни од досегашните, па можноста од оштетување на централниот нервен систем е еден од несаканите ефекти, како и парализа и артритис, во минатото веќе забелкежани; и трето, фармацевтските компании по секоја цена сакаат да симнат од себе секоја одговорност за можни несакани ефекти на вакцинирање- во САД цвеќе стапил на сила акт дека ниту тие, ниту државни официјални органи се вклучени во кампањата на вакцинирање и не одговараат за можни несакани последици.

Кон претходното треба да се забележи и откриениот случај на заразен материјал на компанијата Baxter.

И ова: ако вирусот на свинскиот грип во иднина и покрај вакцинирањето предизвика поголема смртност отколку досега, тоа ќе значи дека или мутирал (во што е тешко да се поверува) или е тоа друг вирус, а не оној за кого е предвидена и произведена вакцината. Во обата случаја таа нема да дејствува заштитно, а може дури и да стане средство за пренесување на зараза со новиот вирус .

Мојот интерес особено го предизвика еден текст на Д-р Расел Блејлок (Dr. Russell Blaylock), водечки неврохирург, кој ја оформил својата интернистичка и невролошка практика на Медицинскиот факултет на Јужна Каролина во Карлстон (САД). Тврди дека вакцината е сто пати (!) поопасна од свинскиот грип. Ме остави со отворена уста! Насловот е: „Вакцината против свинскиот грип опасна по здравјето?“.

Во него тој ги наведува опасните материи во неа:

-содржи 2 ужасно опасни материи- едната се вика тимеросол (thimerosol), а во чиј состав има 50% жива; тој се врзува на рецепторите во мозокот и всушност предизвикува негово оштетување; втората се вика скален (squalene) и го мами вашиот имуно систем да почне да ги убива вашите сопствени ќелиии, што создава авто- имуни болести како што се астма, мултиплекс склероза, дијабетес и многу други се уште неименувани болести.

Го потенцирам следново:

„Јас сум стручњак за критичка анализа на лекови и нивните ефекти врз луѓето. И нека некој само се осмели да дојде до мене со шприц пол со вакцина против свински грип или да дојде близу до моето семејство зашто ќе ја земам иглата од нив и ќе и ќе прободам со неа со серија мошен силни убоди!

Оваа работа е отровна. Немојте да ја земете. Не дозволувајте да тоа да го земат ваши пријатели. Не дозволувајте тоа да го земе вашето семејство. Ако неклој идиот во лабораторија ве праша: ја сакате ли оваа вакцина, прашајте го за тимоеросол, за сквален, и зошто компанијата која го направила тоа сака да има правно ослободување од можна тужба, и потоа погледнете ги нивните лица кои ќе имаат изглед од типот: О, боже мој, па вие ме изрешетавте со серија прашања на кои навистина нема одговор!“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here