Потребно време за читање: 2 минути

Не се работи за некаков политички реваншизам или казна за се она со што ја срамотеше и ја срамоти Италија: Берлускони е нападнат, удрен в лице со сувенир- скулптура од миланската катедрала фрлена од млад психички нестабилен човек кој во меѓувреме му се извини. Последиците се мошне непријатни за „имиџот“ на италијанскиот премиер: без два заба, скршен нос, повредена усна.

Дали инцидентот барем малку ќе го „вразуми“ Берлускони, да ја намали „дозата“ на забава и иритирање на јавноста? Тешко да се поверува.

73- годишниот Берлускони е удрен в лице додека го напуштал плоштадот во Милано по одржан говор. Одел кон својот автомобил, а напаѓачот успеал да се пробие до него и да го нападне. Берлускони е веднаш префрлен в болница.

Според италијанските медиуми, пред митингот Берлускони бил пресретнат од група луѓе кои го нарекле „палјачо“. Тој неколку пати им вратил со зборовите „Засрамете се!“

Полицијата веднаш го привела 42- годишниот Масимо Тартаља, кој веќе 10 години страдал од психички проблеми. Обвинет е за планирано „нанесување на тешки повреди“. Тој, пак, му напиша писмо на премиерот во кое изразува „длабока вина и жали поради кукавичкото и непромислено дело“. Неговите адвокати соопштија дека дејствувал целосно самостојно, исклучувајќи секаква политичка заднина и евентуална политичка припадност. Татко му изјавил дека неговиот син со години е психички нестабилен.

Прочитај и за ... >>  Замина за да се врати: Саи Баба

Инаку, ова не е првпат Берлускони да биде жртва на напад. Сличен инцидент му се случи во Рим на новогодишната ноќ во 2004. година, кога врз него беше фрлен фотоапарат.

Интересно, репликата на Готската катедралата во Милано изградена во 1386. година, која е висока 10 сантиметри, стана култен сувенир во градот. Помеѓу жителите и туристите бележи одлична продажба. Се продава на штандовите за весници, но и по туристичките киосци по ценма од 12 евра.. Продавачите изјавуваат дека туристите не само што ја купуваат, туку и ја сликаат.

Познато е дека годинава Берлускони мина и минува низ тежок период поради постојаните обвинувања за корупција и врски со италијанската мафија, а кои тој ги демантира. На почетокот од годинава на јавноста и се откриени и неговите секс-скандали, по што неговата сопруга го напушти и се разведе.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here