Потребно време за читање: 5 минути

Токму така: „меѓународната“, односно ЕУ, НАТО и САД знаат или во меѓувреме дознаа дека не станува збор за промена на името на Република Македонија (одамна е јасно дека не се бара промена на уставното име), туку на идентитетот на македонскиот народот во сета негова комплексност (не и малцинствата или „немнозинските заедници“). Тоа е причината за разочарувањето и скептицизмот дека ќе нема брзо, скорешно решение на спорењето на името „Македонија“ од страна на Данајската република (Грција), а не на „спорот“. Па и на нервозата (пред се на пријателите и сојузниците на Атина, а особено на оние во ЕУ) и се поострите критички „стрели“ кон македонскиот државен врв поради негова „нефлексибилност“.

Дволно е да се потсетиме на дволичноста на поранешниот генерален секретар на НАТО, Јап де Хоп Шефер (по „прошталната“ посета на Скопје и Атина) и децидниот став на Саркози дека земјава не може да смета на евро- атлантска интеграција под постојното уставно име „Република Македонија“ (што значи дека бара и уставно преуредување на земјава; толку му сече умот).

Само политичките дилетантни и манипуланти, домашни и странски, заедно со нивните новинарски трабанти и морони, мислат дека Македонија треба да „прифати“ компромис, а во името на „светлата евро- натовска“ перспектива, и оти последниот предлог на Метју Нимиц (всушност стар цели 8 години) е „најдобар“, како што сметаат и Данајците, па треба „под итно“ да се прифати.

Патем, каков е тој компромис што се „прифаќа“? Да не се мисли на „компромисно решение“ до кое се доаѓа по пат на компромис (попуштање односно отстапки) на страните што се договараат

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов сепак мораше, токму поради се поголемата нервоза и притисок, на политикантите, трабантите и мороните да им објасни што е тоа разумен компромис. Едновремено и да и порача на „меѓународната“ дека мора да има само таков и никаков друг:

„Ние сакаме да постигнеме решение со кое нема да биде засегнат македонскиот идентитет, нема да биде урната гордоста на населението, нема да биде – онаа чест да припаѓате на некој идентитет, некој да ви го одземе. Затоа ние кажавме дека мора да дојдеме до некој компромис, меѓутоа тој компромис мора да биде прифатен и од населението“.

Прочитај и за ... >>  Авганистан долгорочно воено жариште

За шпекулациите и манипулациите во врска со подготвеноста за разумен компромис (не каков било) и „добриот“ предлог „Северна Македонија“:

„Немојте со толку шпекулации. Ќе има сега притисок од сите страни, секој ќе сака да изјавува се и сешто. Прифатете го тоа како лични ставови на одредени луѓе или лични лапсуси или личен нивен став“.

Грчките весници го анализираат изјаснувањето на македонскиот шеф на државата. Едни тоа го толкуваат како напуштање на тврдата позиција, алудирајќи на двојната формула, а други оценуваат дека нема промена на македонскиот став, освен што двојната формула е „заменета“ со ново име разумен компромис.

Чудно толкување, дури неразумно доколку не се има предвид „разочарувањето“ за „непроменетиот став“, алудирајќи токму на „придружниот пакет“ со барања за промена на идентитетот.

Дали „Северна Македонија“ е разумен компромис? Се разбира не, зашто значи токму одземање на идентитетот (види го мојот коментар на овој блог под наслов „Северна Македонија не е разумен компромис“), и тоа не само на македонскиот народ во Македонија, туку и во другите два дела на етничка Македонија: во „Северна Македонија“ ќе живеат „Северномакедонци“, во Егејска односно делот што и е подарен на Данајската република (Грција) “Гркомакедонци“ (тогаш ќе нема проблем и со признавањето на македонското малцинство како такво), а во Пиринска „Бугаромакедонци“. Може ли кој било да даде „гаранции“ дека ова нема да се случи (некои политички дилетанти велат дека треба да ги дадат ОН)?

Патем, дали денес во Егејска Македонија (до 1988- ма „Северна Грција“, а сега „Македонија“; поделена на 3 периферии- Западна, Централна и Источна Македонија и Тракија, и Света Гора како посебна црковна држава во рамките на Грција, со 13 префектури) живеат „Северногрци“ или „Македонци“?

Крајно ступиден е „ироничниот“ коментар на некои домашни новинарски трабанти и морони дека„“државниот врв имал изградено стратегија, но во интерес на земјата детали од неа засега не се откриваат“, а „прв ќе ги слушне медијаторот Метју Нимиц.

А можно ли е државниот врв на Данајската Република (Грција) да нема стратегија? Има, ама не се познати деталите? Зошто?

Прочитај и за ... >>  Полесно со Папандреу? Не, туку поразумно и порелаксирано.

Неофицијално, на 20- ти овој месец во Виена или Женева тој ќе има средба со преговарачите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис за лично да слушне дали постои подготвеност за обновување на преговорите кои подолг период се во мирување поради изборите во Македонија и јужниот сосед. Речиси е сигурно дека разговорите ќе бидат подготовка пред посетата на медијаторот на Скопје и Атина, најавена за крајот на месецов.

Потврда на исказот на претседателот Иванов и од страна на Антонио Милошоски, македонскиот министер за надворешни работи:

„Ние сме подготвени за разумен компромис со Грција, којшто нема да ги прекрши принципите на самоидентификување, на самоопределување на еден народ, којшто нема да ги запостави принципите на сувереност на една држава којашто одлучува за своите суверени обележја. Вклучително е тука и уставното име. Компромис којшто нема да биде противуставен и којшто нема да ги исклучи граѓаните на РМ како носители на суверенитетот од одлучување или од учество во донесувањето на одлуките за ова национално прашање“.

Во исто време е најавен и самитот на Крф, на кој ќе учествуваат Бакојани, Милошоски и Хилари Клинтон. Тој се оценува како можност за заедничка средба, но според високи функционери од МНР таа засега не е предвидена.

Што се однесува, пак, на инсистирањето на референдум односно изјаснување на народот за разумно компромисно решение на спорењето, кое е сосема в ред и не е јасно зошто е стравот од него, зачудува исказот на новиот секретар на СДФСМ, Андреј Петров:

„Референдумот подразбира дека тој треба да биде успешен. Доколку не го даде тој резултат и на тој начин престанат или бидат забавени перспективите на РМ како држава, одговорност за тоа некој ќе мора да поднесе“.

Што е „успешен референдум“? Потребна, законска излезност или однапред подготвен, режиран резултат на изјаснувањето, каков шпто беше за локалното реорганизирање на државата? И дали оној „некој“ одговорен за слободно изјаснување може биде Владата на Македонија, односно „владејачката структура“? Ќе нема ли соодветен дел и за опозицијата? Можеби најважното за „дообјаснување“: што Петров подразбира како „неуспех“ со кој ќе „престанат или бидат забавени перспективите на РМ како држава“?

Ваква небулозна изјава не би смеел да дава, да си дозволи секретар на најголема опозициона партија.

За продолжението на преговорите и евентуалниот скорешен успех- решение за ступидното спорење на името на државава од страна на јужниот „добрососед“ клучно е дали ќе бидат распишани предвремени парламентарни избори во Данајската република (Грција), а по тешкиот пораз на изборите за Европскиот парламент од опозициониот ПАСОК.

Прочитај и за ... >>  Слобода на медиумите и слобода на новинарството

Денеска чувме и признание на тенденциозната изјава на потпретседателот на ЕК, Жак Баро, за словенечката агенција СТА, во која земјава ја нарече Северна Македонија. Тоа било „момент на слабост“. Тешко на Европа која има „политичар“ на толку висока позиција кому му се случуваат такви „моменти“. А згора на тоа, наместо извинување признанието го даде мошне нервозно.

Имено, на прашањето на дописникот на А1 ТВ од Брисел, Тања Милевска:

Минатата недела го употребивте терминот Северна Македонија во Луксембург, во изјава за словенечката прес агенција. Дали ова беше лапсус или имаше политичка порака зад тоа? А второ прашање, кога ќе мислите да предложите укинување на визите?

Баро со одговор:

„Тоа беше слабост! Признавам! Јас само ја спомнав Поранешната Југословенска Република Македонија со погрешно име. А ја спомнав за да кажам дека е се поблиска до укинувањето на визите. Запомнете го позитивниот дел на мојата порака и заборавете ја оваа моја мала грешка, оваа слабост“.

Потпретседателот не даде одговор на прашањето кога ЕК ќе предложи визна либерализација. Првичната амбиција на Европската комисија беше овој чекор да се преземе ова лето, но поради изборите во Германија најверојатно предлогот ќе се одложи до есен.

Да потсетам, веднаш по објавувањето на изјавата од кабинетот на Баро кусо порачаа дека станува збор за грешка и оти за нив името на нашата држава е ФИРОМ.

Со право се потенцира коментарот на некои аналитичари дека е индикативно што Баро беше вториот европски политичар во само една недела кој го спомна името Северна Македонија. Претходно шпанскиот пратеник Аграмунт оцени дека е тоа најреален предлог и на него Македонија треба да фрли попозитивен и пообјективен поглед.

Притисокот за „флексибилност“ на Македонија е пред се поради стравувањето за нов „конфликт“ во регионот, наспроти геостратешките интереси на големите сили? Многу веројатно ако се имаат предвид амбициите на Албанците за „духовно обединување“.

Очигледно, единственото решение на ступидното спорење е се поблиско: прекин на преговорите (поради кршење на Времената спогодба од страна на „едната страна“) и барање на прием (или „пререгистрација“- во ООН) на земјава во сите меѓународни организации и институции под нејзиното уставно име.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here