Потребно време за читање: 3 минути

Mакедонија Ѓорче Петров е шампионот на Македонија во сезоната 2008/2009 -та. Сосема заслужено и очекувано, доколку се имаат предвид севкупните состојби во македонскиот фудбал што тлеат со години, децении, а никако да се разгорат за конечно да започне неминовното гаснење. Се разбира, тие не го намалуваат, ниту поради нив треба да се потцени успехот на овој тим, но останува „задршката“ за неговите вредности додека не се проверат на меѓународната сцена, во натпреварите во евро- лигата на шампионите.

Резултатите во текот на првенството се за почит: 17 победи, само 3 порази, ниту еден на домаш Меѓутоа, ако се има предвид квалитетот на македонската Прва лига и се она што во континуитет се случува во неа, а особено кој се „игра“,„разигрува“, „надигрува“ и „преигрува“, тогаш факторите за успехот треба да се побараат на друга страна. Што, пак, воопшто не е тешко: финансиска стабилност, докажан стручен штаб, доволен број на играчи за селективен пристап кон секој натпревар, а е забележан успех и во изборот на играчи од странство.

Конечен редослед на Првата македонска лига:

Македонија ЃП 61, Милано 55, Ренова 54, Работнички 47, Вардар 45, Хоризонт Турново 37, Силекс 36, Победа 32, Металург 29, Пелистер 28, Напредок 21.

Од лигаат испадна кичевски Напредок, а екипите на Металург и Пелистер ќе одиграат бараж натпревар против штипска Брегалница односно Шкендија од Тетово. Од следната сесона во Првата лига ќе учествуваат екипите на Тетекс и Слога Југомагнат, освојувачи на првите две места во Втората.

Прочитај и за ... >>  Крај на тениската сезона

За новиот шампион, Македонија Ѓорче Петров, две „нешта“ се суштествени и единствено перспективни: вложување на повеќе од 250.000 евра (во европски и светски рамки минорна сума, но за наши фудбалски прилики и неприлики солидна, особено затоа што се „чисти“ и транспарентни) и сериозна континуирана работа со подмладокот.

Доказ за успешна фудбалска школа е најновиот успех на фудбалерите до 19 години: го освоија силниот интернационален турнир во Штутгарт; во полуфиналето ја совладаа Фортуна Дизелдорф, а во мечот за пехарот славеа против холандски Ден Хаг. Се работи за само еден од добрите резултати на помладите генерации на Македонија Ѓорче Петров. Имено, тие на три турнири во Холандија, и тоа во конкуренција на една година постари ривали, стигнуваа до четвртфиналето.

И за „црното петно“ или големото меѓународно срамотење на македонскиот фудбал:

Она што се очекуваше се оствари: УЕФА ги потврди казните за прилепскиот клуб Победа поради наместените натпревари со Пјуник, од квалификациите во Лигата на фудбалслките шампиони во летото 2004– та. Двократниот македонски фудбалски првак 8 години ќе нема меѓународни настапи (дури и ако „по некој случај“ пак ја освои шампионската титула; не е верно зашто „чистите раце“ веќе дејствуваат: со „избореното“ реми во Прилеп против Вардар Победа во последното коло „успеа“ да обезбеди опстанок, а „следниоит чин на преставата“ ќе го гледаме во новата сезона). Претседателот Александар Забрчанец и поранешниот тренер Николче Здравески доживотно се „исфрлени“ надвор од фудбалот. Преку ФИФА, одлуката за казните на Победа ќе има важност и во светски рамки.

Прочитај и за ... >>  Политичка ступидарија: решение за името со кое ќе нема поразен и победник!

Телото на УЕФА за жалби синоќа ги отфрли жалбите на Победа, на Забрчанец и на Здравески, во врска со казните што на 17– ти април им ги изрече телото за контрола и за дисциплина. Официјално, тие беа санкционирани поради кршење на принципите на интегритет и на спортско однесување пропишани со членот 5 од дисциплинскиот правилник на УЕФА, кој се однесува на лажирање на натпревари.

Обвиненијата против Победа беа базирани на информации за неприродни модели на обложување при мечевите со Пјуник пред 5 години, како и на изјави на неколку заштитени сведоци.

Најавено е дека Победа ќе ја бара правдата и преку последната можност што ја има на располагање Меѓународниот спортски суд за арбитража, со седиште во Лозана.

Според „сенародната“: Кој ќе биде фатен, ќе го крка стапот. Но стапот уште не е за кркање зашто има уште многу за фаќање.

Интересно е и она што го објави „Македонски спорт“. Доколку се потврди, без оглед на мафијашките, но и партиските интереси, ќе мораат да се вмешаат и оние кои немаат „блиски средби“ со македонскиот фудбал, но имаат обврска да се борат против корупцијата, криминалот, мафијата секаде каде што се покажува и докажува.

Прочитај и за ... >>  Критериум и критика

Цитирам:

“Македонски спорт” беше на лице место во Нион и ги следеше настаните околу деценискиот скандал кој го потресе македонскиот фудбал. Дознавме дека ФК Победа се соочува со нов удар затоа што Дисциплинската комисија на УЕФА ќе покрене дополнителна постапка поради давање лажни имиња низ медиумите околу сведоците кои учествуваа во целиот овој процес. Истото им се заканува и на ФФМ и претседателот Харалампие Хаџи-Ристески кои имаа потези со кои се нарушуваше истрагата на УЕФА. Се најавуваат парични казни и суспензии за функционери, а на црната листа на УЕФА за случајот „Пјунук“ има уште 4 имиња на фудбалери кои настапиле за Победа на тој меч и давале лажни изјави. Местенката со Пјуник во 2004 година е најголемиот и најтежок удар не само за ФК Победа туку и за комплетниот фудбал во Македонија. Ова е невиден срам и резил за луѓето кои без ниту еден грам совест за финансиска добивка од обложувалниците го наместиле својот клуб, својата историја својата држава. УЕФА нема милост за таквите фудбалски злосторници кои се дел од големото зло кое му се случува на фудбалот, а токму ваквите санкции се доволен доказ дека почнува големата битка против фудбалската мафија која мести натпревари“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here