Потребно време за читање: 4 минути

26. Ја и Секајца

Здраво-живо народецу мој,

Баш сега ми дојде во умо да ви монологизирам цитирајќи од А до Ш еден дијалог со мој другар пензионерски кого сите ние, пензионери и пензионерки, си го викаме Секајца. Инаку, и тој ко ја си има свое име и свое презиме, ама на сите некако појќе ни легнуа, а преди сè и нади сè нему му прилега Секајца. Да де, и тој е дедо, ко шо сме појќето пензионери, ко и баби шо се појќето пензионерки, ама то му го изостааме прибидејќи сосе него ни изглеа и ни звучи машко-женцки.

Дијалого со Секајца ќе ви го монологизирам цитирајќи од А до Ш во сегашно време оту баш то ми се чини најпогодено за прашајнето шо го истретиравме и проблематизиравме до ептен голем, можи да се речи нерешлив проблем.

Ми вели Секајца на мене:

-А бе дедо Громче, заошто ти си приватил да бидиш Громче, а не Гром? То Громче мене ми иди ко на мало, ко на ситно, ко на детуле; ко не на громок, ами на стишуан дедо. Да сум бил на твое место, ја то ни пошто ни зашто не би го приватил.

Му  велам ја на Секајца:

-А бе Секајцо, кај ти текна сега то да ме прашуаш? Мене ко на дедо Громче то никој не ми го турил, нито некоош можел, нито сега можи да ми го натури. Ја самио сум си го стајл и сум си го приватил. А еве заошто: поради зато шо ко на стар не ми личи да удирам односно да пишуам, кажуам, поготово совреме да укажуам на разни негативности и проблематичности во државава и општествово ни. Поготово не на оние шо праат такви ко гром од ведро небо, али од помеѓу два црни облака. Ко ти шо секаш коа не мојш да издржиш, коа ти иди да пукниш од мака и јад, од лутина и бес.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Ја тебе секоаш те разбирам заошто секаш со зборој и молчание, ама белким самио си знаш оту секајнето по кое ти се слуша зборо и молчанието, исто ко грмејне на лујѓето, црна ноќ им ја прајш ко осветлена, да се гледаат меѓусебно барем ко уште живи сенки застрашени. Ама ич не ми е јасно како досеа не ти текнало оту сум дедо Громче ко громче прибидејќи удирам на земја, али меѓу луѓе, али среде, али пред народецо мој не за при то да напраам огон шо ветришта некои ем нечии ќе го разгорат, па ќе изгори сè живо и диво, па ќе пеплоса, па после на пеплосана земја ниедна семка да не фајќа, па ништо да не раѓа и не заживува, па сè бестрага да стани, па…

Ми вели Секајца на мене:

-Добро де, добро дедо Громче, не лути ми се, не се унервозуај дотолку. Добро знајш оту и мене ми лежи да те викам дедо Громче. Ама ја, Секајца ко секајца, зборуам и молчуам секајќи за да сфати и разбери народецо оту негативностите и проблематичностите во државава и општествово ни се дојдени преку глаа и оту по мојто зборуање и молчуање мора да се крени на нозе, да рипни шо се вели и да пресечи, та појќе ништо да не мојт така ко шо је.

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Му велам ја на Секајца:

-Па баш поради то и одозгора на то ја и ти сме во најголема дружба. Ти секаш и грмнуаш, ја громнуам ко громче…Туку, шо сакав да ти речам, да доречам, па и да ти преречам и одречам…Ти арен си со здравјето и со умо?

Ми вели Секајца на мене:

-Шо ти е бе? Шо ме прашуаш то? Заошто ме навредуаш? Ти личам ли ја на болен и без ум?!

Му велам ја на Секајца:

-Чекај бе, Секајцо! Заошто би те навредуал? Те прашуам оту сенешто ми вели дека ни ти ни ја многу, многу не му помагаме на народецов и лујѓево односно грајѓаниве во невремево со кое навалиле на ними и на нас. Ни ти ни ја посебно, а ни заедно. Мислам на ефекто.

Ми вели Секајца на мене:

-А на то мислиш. Е па, да ти кажам прао, и мене сенешто ми го вели то. И тебе и мене ко сè помалу да не слушаат коа зборуаме и молчиме. Ко до толкуа да се навикнаа на нас, шо да им е исто дали сме им уште здрави, па и живи. Ко да не сме им здрави и уште со умојте.

Му велам ја на Секајца за последно:

-Знајш шо, Секајцо, брату, другару мој? Да си тераме натаму ја и ти секој по своему. Ја ќе си  врлам громчиња, а ти секај си ко ќе мислиш оту ти е време за то. Па народецо сам нека си се одреди, нека си се определи за шо е и за кого е. Да ти бидам искрен, ич не ми е гајле за лујѓето односно граѓајните дали, колку, како и кога ме слушаат дури зборуам али молчуам. Шо и да ми је? Никому ништо!

Прочитај и за ... >>  ДЕДО ГРОМЧЕ, сатирични монолози

Мене ми је сал за народецо. Ама и тој си знај шо прај. Ако не знај, нека му е ко шо му е и ко шо знај оту ќе му биди. Од мене ко од дедо Громче толкуа оту не можам појќе. Сега и ко ќе биди шо ќе биди. Сосе она шо ќе остани од мене запаметено зборуано и молчуано и она шо је за паметуање.

Секајца се согласи и го завршивме дијалого.

Ја, лујѓе, едно си мислам инспириран шо се вели од монологизирањево мое цитирајќи го од А до Ш дијалого со Секајца. Ич да не ни помислуате оту не је вака:

Секајци има на небо и громој паѓаат наземи ноќум и денски коа невремето стануа толкуа големо и силно шо појќе не можи да се трпи. Невремево сè појќе стануа такво, та вие спремајте се за нетрпејне. Макар шо ја мислам оту не ви треба којзнае какво спремајне. Доста е да се крените на нозе, да земите в раце шо ќе ви дојди при раце, да излезите надвор и да удрите по овие шо ни праат вакво невреме. И то без никој на чело! Да знајте, последно време ви је!

Никоаш да не забораате:

Шо ќе кажи дедо Громче, кажано је!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here