Потребно време за читање: 2 минути

11. 2. 10. Популациона политика-демографски развој

Станува збор за област многу присутна во масмедиумите и според резултатите што се остваруваат во неа, а и според она што значи интенција, промисла, проблематика која се актуелизира со појавените демографски проблеми на едно подрачје, регион, повеќенационална средина.

Актуелизацијата на популационата политика во севкупниот развој во рамките на осовременувањето и модернизацијата на нашето општество станува фактор на економско-социјалната политика. На тоа упатува и основната дефиниција на популационата политика: систем на основни начела, цели, мерки и постапки насочени кон самото движење на населението и неговите карактеристични компоненти, во согласност со постојните економски, социјални, политички и други цели.

Потиснувањето, па и извесната „неатрактивност“ на оваа област (поради непознавањето на работите) бездруго доаѓа и оттаму што експлицитна популациона политика ретко може да се сретне во современиот свет. Затоа што нејзиното спроведување се врши преку некои карактеристични компоненти на движењето на населението: наталитетот, морталитетот, внатрешните и надворешните миграции, а со цел да се постигнат пошироки политички, економски, социјално-демографски и други цели.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Статистичките и аналитичките податоци, особено првите, обично се користат како илустрација на успешноста или на недоследноста во водењето на популационата политика. Меѓутоа, тие не се и не можат да бидат доволни за континуиран ангажман, втемелена структура и долгорочни цели, па се анализираат и користат како валидни и резултатите од одделни типови на тн. квантитативна популациона политика (екстензивна или прогресивна, рестриктивна и редистрибутивна), како и нивната варијанта: проаналистичка односно антинаталистичка, и имиграциска односно емиграциска варијанта.

Темелното запознавање со популационата политика-демографскиот развој (развојот како нејзина основна компонента), и особено со демографијата како научна дисциплина својата полна афирмација ја доживува дури во нашево време, со демографските експлозии во одделни земји и региони во светот и кај нас. Во таа смисла е забележано, на пример, дека многу недоволно развиени земји спроведуваат, врзано со експлозивниот пораст на населението во последниве децении, главно антинаталистичка варијанта на рестриктивна популациона политика.

Кога ја спомнав демографијата како наука за населението, чии проучувања и резултати треба да добијат поголема афирмација и во програмско-уредувачката политика на современото-модерното радио, треба да потсетам на нејзиниот опфат и основни цели, пред сè поради потемелен професионален новинарски ангажман. А тоа се: проучувањето на бројот на просторното разместување на населението, природното и механичкото (миграциско) движење на населението и промените во демографските социо-економски услови.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Што се однесува, пак, на демографскиот развој, тој се следи во еден комплементарен и компатибилен однос со другите сегменти на општествено-економскиот развој на општеството. Значи, развојот на населението се одвива во постојано меѓудејствие, не само помеѓу демографските варијабли и процеси, туку исто така и помеѓу демографските процеси и економските, социјалните и другите фактори кои влијаат врз развојот на населението на одредена земја или потесно подрачје. Со други зборови, демографскиот развој означува комплексен процес на развој на населението што произлегува од постојана интеракција помеѓу тн. вкупно движење на населението, промените во одделни негови структурни (демографски, социјално-економски и др. ) промени, како и промените во економските, социјалните, културните и други фактори кои директно или индиректно се поврзани со одделни компоненти од развојот на населението.

Притоа е неопходна постојана соаботка со специјализираните институции и институти за оваа проблематика, како и почеста директна експликација (во комуникација со слушателскиот аудиториум на радиото) на одделни истражувања и конкретни показатели.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Со оглед на фактот што популационата политика и демографскиот развој добиваат сè повеќе на значење како дел од модерните текови на животот (репродукцијата, зголемувањето на наталитетот и намалувањето на морталитетот од социјално-здравствени причини, регионалното разместување на населението-пренаселеноста и недоволната населеност, миграционите и адаптибилно-асимилаторските процеси, односно проблеми на дијаспората итн.), аналитичкото и критичкото вреднување се дел не само на сегментарниот, туку на комплексниот пристап и програмската застапеност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here