Потребно време за читање: 2 минути

11. 2. 26. Еколошки истражувања-хумана екологија

Екологијата како новинарска област има понов датум на „настанување“, поттикнато од општествениот статус на единката во животната и работната средина, неговата загрозеност од „валканата технологија“, од севкупното заостанување на општеството и егзистенцијалниот минимум на човекот. Таа е особено присутна во средно развиените и неразвиените средини каде што нема повисок квалитет на животот, односно култура на живеење.

Екологијата како наука има своја долга историја, а сè до нашево време се развиваше некако „понастрана“, во строго научни рамки, надвор од поширокиот интерес. Односите помеѓу организмите и околината во која живеат, што е фундамент на екологијата како наука, развија нејзина „двојност“, два нејзини „правца“, две посебни „гранки“: екологија на растенијата, како гранка на ботаниката што ги проучува односите на растителниот свет спрема околината, и екологија на животните што ги проучува односите на животинскиот свет спрема живата и неживата природа.

Поновиот развој на екологијата како наука инсистира на истражување на повисоки цели: функционалните единици на биосферата-екосистемите.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Проучувањето на екосистемите, односно на динамичката еколошка рамнотежа помеѓу сите нивни компоненти влегува во рамките на „првиот дел“ од новинарската област-еколошки истражувања. Овие еколошки истражувања се следат не во строго научен контекст, ниту како последица на глобалната политика на економско-политичкиот и стопанскиот развој на земјата, туку во корелација со екологијата на човекот или хуманата екологија.

За хуманата екологија да добие соодветен третман во радио програмата (дали е потребен при развиена еколошка свест?) треба постојано да се анализираат севкупните цивилизациски достигања на човекот со кои се влијае врз природата и како таа го враќа тоа. Доколку новинарскиот интерес се задржува исклучиво на човековата егзистенцијална загрозеност (во центарот на вниманието човекот како главен загадувач на природата заедно со технолошкиот развој и демографската експанзија, кои влијаат и ја менуваат околината, а истовремено негативно дејствуваат врз здравјето и опстанокот), набрзо може да дојде до заситување, програмско повторување, имитација на борба против еколошките екцеси, а за развивање на еколошката свест и совест.

Прочитај и за ... >>  АСПЕКТИ НА МОДЕРНОТО РАДИО-РАДИО НА СОВРЕМЕНАТА МОДЕРНОСТ, научна студија

Хуманата екологија на преден план го става проблемот на заштита на човековата околина како основно прашање на временската цивилизација, најдиректно поврзано со судбината на човечката раса, но секогаш во сооднос со нејзините достигања: пораст на населението-производството на храна воопшто и на квалитетна храна посебно, природни извори-експлоатација-загадување, индустријата-загадување на биосферата со отпадни материи, земјоделското производство-загадување, односно заштита на почвата од пестициди и други отровни материи итн.

Акциите што ги водат еколошките движења и странки кај нас и во светот не само што се регистрираат програмски, туку отворено-контактната радио програма зема активно учество во нив, се јавува и како учесник и како организатор-координатор.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here