Потребно време за читање: < 1 минута

33. Обграден со корени

Јас обграден со корени,
вкоренет и стамен,
среде војски туѓински
што бесцелно пленат
знаци со тајни пораки
на достојност
во длабоко минато.

Корени ме штитат
од зломисли
на секакви невремиња,
а и тие, а и тие
веќе ја губат силата.

Добро е дека совреме
ме обградија,
дури сум сѐ уште
вкоренет и стамен.

Заедно кога-тогаш
ќе зарастеме наши
стеблишта, стеблаци,
лисје и семиња
што ќе излезат
на јаве, на виделина.

Па ќе почнеме
да растеме нови
до небо,
во наше ново
време плодородно.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here