Потребно време за читање: < 1 минута

55. Трње и плевели

Само гробов
ќе го исчистам
од трњево и плевеливе
за коските нечии
во него сонце
да ги стопли.

Ако не е предоцна,
ако не сум задоцнил,
ако тие во него
веќе не изгнијале.

Трњево и плевеливе
околу него
ќе ги оставам да растат
до кога ќе растат
и да се шират сѐ дури
нивните корени
нема што да ги запре.

А чиј е гробов,
еден и единствен
во обесшумениов
и обесплоден предел?

Мора да е на некој
незнаен што останал
без никој свој,
од секого заборавен
штом на него нема
ниту знак, ниту слово,
ниту каква било трага
на живот и време.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here