Потребно време за читање: < 1 минута

52. Обѕир

Имам обѕир спрема тебе,
туѓинецу,
дека сакаш да бидеш дел
од мојов свет
на постојани сомнежи,
премрежиња што секогаш
тешко ги надминува човек
на свои години,
на незнајни расположби
во неизвесни простори
пустошни,
пред невреме или дури сум
сѐ уште ранлив.

Меѓутоа, без обѕир
на твоето невино лице,
туѓинецу,
на насмевката твоја
простосрдечна,
на благоста,
на смирноста на твоите
зборови
со кои се обидуваш
да ѝ се спротивставиш
на самоста моја,

воопшто не се обѕирам
на промените со кои
твојот свет
ми го прикажуваш
како единствено можен
за заедничко опстојување
до утре.   

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here