Потребно време за читање: 2 минути

25. Надежта на народот на умирање

1. Надежта последна умира на апатичен-рамнодушен, малодушен, обессилен народ. Забрзано и неодложно? Засега да, уште долго за, а дали ќе умре како таква-последна зависи од не многу време. Од само неколку месеци. До толку ли? Баш никогаш до олку.

2. Може во меѓувреме да излезе од апатичноста-рамнодушноста, малодушноста, да се разбуди? Да собере сили, да се крене на нозе и уште еднаш, по којзнае кој пат, макар последен, да си докаже на себеси и да му докаже на светот дека судбината на државата и општеството е исклучиво во негови раце. Без оглед на сè, на она што и на оние што смислуваат секакви дејанија и најдоа и наоѓаат изроди, внатрешни и надворешни непријатели за разурнување, ништење, непостоење на своја исконска земја? Може, ама многу тешко, многу неизвесно. Се чини невозможно!

3. Нема кој не разбира, не знае или уште не може да прифати како што е: македонскиот народ и неговата држава  се на раб на бездна и со последни сили се опираат на туркањето во неа од криминалнава, корумпиранава, мајифашкава власт натурена од „стратешкиот партнер“ на Македонија и „меѓународниот фактор“!

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ И ПРОМИСЛУВАЊЕ, 31

Еден голем творец-книжевник и мислител одамна предупреди дека секоја држава се бори успешно или помалку успешно против „својата“ мафија, но со неа е готово кога мафијата ќе стане власт; нема спас на држава и општество со мафија на власт. Јас додавам: мафија на власт тешко ја губи власта зашто „несебично“ ја помагаат „натурачите“ и „сестринските“ мафии во светот.

4. Како против мафија на власт и спас во последен час на државата и општеството? Лесно, тешко или невозможно-најмногу зависи не од „стратешкиот партнер“ и „меѓународниот фактор“, туку најмногу, дури единствено од луѓе на место. Избрани од народот на право место во право време. Луѓе умни, учени, опитни и видни, луѓе творци, луѓе подготвени да застанат на чело за нов почеток на сè! Затоа што мафијата на власт не остави и не остава ништо за продолжување, обновување, надградба.

5. Има и друго како: „стратешкиот партнер“ и „меѓународниот фактор“ да организираат, поточно да режираат „демократски преврат“; да „донесат“ на власт умни, учени, опитни и видни личности на кои ќе им ги гарантираат личната и семејната безбедност и ќе ја „координираат“ нивната борба против епидемијата на корупцијата (прогласена од „стратешкиот партнер“ на Македонија) , поточно против мафијата од највисоко до најниско „ниво“. Како тоа?

Прочитај и за ... >>  ЗА СЛОБОДНО ПРОБЛЕМАТИЗИРАЊЕ И ПРОМИСЛУВАЊЕ, 15

Многу едноставно: со организирање вистински фер и демократски избори. За првпат во Македонија! Може? Може, ама не може доколку е целта она што практично се реализира во последниве дваесетина години-од „конфликтот“ во 2001., па сè до потпишувањето на Договорот од Нивици меѓу Македонија и Грција и Договорот за (не)добрососедство меѓу Македонија и Бугарија. Во „рамките“ на прекројувањето на светот, посебно на Балканот.