Потребно време за читање: < 1 минута

37. Пријател-Пријателство

Без сè се може, без пријател не се може. Во светот не се живее без пријател. И во арно и во лошо ќе ти се најде. Ама и ти да му се најдеш. Не мoже да ти биде пријател оној кому ти не сакаш да му бидеш. 

Имаш многу пријатели? Е, за разлика од тебе, кој нема ниеден, јас си имам малку како еден.

Не се може без пријател. Макар еден, а добро е да се што повеќе. Едно затоа што си посилен, поисправен, а друго оти можеш спокојно и сигурно да чекориш напред, кон лична или заедничка цел.

Во животот пријателството е подрагоцено од сè. Најдрагоцено. Не само оти е прво на припомош при неволја, туку и поради постојаноста на нашето опстојување пред која било загроза.

Пријателите не мора да се познаваат за да бидат, а познајниците можат да станат пријатели доколку најнапред се искрени помеѓу себе.

Прочитај и за ... >>  ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 1