fbpx Прескокни до главната содржина

Човек-Човечност-Нечовечност

Тивки клокоти

Човек живее и умира како човек. Додека живее совладува врвици, патишта, угорнини, удолнини, премрежија, недоумици. Притоа извојува многу победи и доживува секакви порази. Оди напред, стои во место, оди назад; значи совладува, значи размислува, па одлучува; значи отстапува или му премалила снага, па знае дека му минало времето.

Човекот од раѓање најмногу време минува меѓу сомнежи и надежи.

Човек не е човек без човечност, а нечовек се докажува со нечовечност. Скромен е, нескромен, голем е, мал, виден е, ништожен е.

Вредно е да живееш како човек. И исто е вредно како човек да умираш и да умреш. 

Залудно живееш како нечовек, а ќе умираш и ќе умреш како да не си бил никогаш. 

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 36

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено какво било преземање, копирање, објавување или преработка на делови или цели содржини од овој портал без претходно одобрение од авторот, редакцијата и/или издавачот. За секоја повреда на авторските и сродните права, Паноптикум го задржува правото да побара надомест и соодветна правна заштита.

Уредничка напомена: Во подготовката на содржината може да се користи дигитална/AI асистенција како помошна алатка за јазична, структурна, истражувачка или визуелна обработка. Финалниот текст е уреднички прегледан и објавен под одговорност на авторот и/или редакцијата. Главната илустрација на написот може да биде фотографија, авторска/архивска слика или AI-генерирана концептуална илустрација создадена за визуелна поддршка на текстот.