Потребно време за читање: < 1 минута

13. Душа

Душа ме боли од оваа пустелија и суша околу мене. Расте, се шири, се растура, а немам сили ниту камен со капка вода да го полеам.

Што сè бездушни им прават на луѓе, на народи, на цели светови.

Природата има душа, а нелуѓе токму неа катаден ја напаѓаат, ја унижуваат, ја разболуваат, во непребол ја оставаат.

Душата на природата и душата на човекот не можат една без друга. Обете умираат штом ќе се разделат и ќе се заборават.

Рани душа да те слуша? Малку слуша оти има многу ненаранети.

Секој што има душа е човек. Нема бездушен, а се покажува како таков спремаа друг.

Од душата, од нејзината тв оречка енергија пред сè зависи дали човекот бил, е или допрва ќе биде мал, ситен, безначаен или секогаш голем, до небо извишен.