Потребно време за читање: 2 минути

Таа е најнапред граѓа од која е составено сѐ што поседува некоја маса и зазема некаков простор; сѐ што е непосредно или посредно пристапно на човековите сетила, без оглед на конкретните облици во кои тоа се јавува: основа на објективна, од човекот независна предметна стварност.

Општата, заедничката изведенка на сите теории за материјата е општата, стварната содржина на постојното.

Постојат суштински разлики помеѓу филозофското и научното сфаќање на материјата. Филозофското поимање е поопшто и поапстрактно; природните науки главно ја проучуваат структурата на материјата, нејзините физички и хемиски законитости. Во филозофијата се поставува проблемот на критичкото испитување на нејзините најопшти одредби и можности за постоење.

Во врска со материјата, основно е следново гносеолошко прашање: кои причини говорат дека нашиот поим на материјата навистина одговара на него, што реално постои, независно од свеста? Притоа, филозофите се определуваат помеѓу сомнението (скептицизам, агностицизам, феноменализам) и аподиктичката увереност на која, наводно, не ѝ се потребни никакви причини и која често доаѓа до израз на тој начин што поимот на материјата едноставно се постулира (различни облици на реализам и вулгарен материјализам).

Прочитај и за ... >>  Сензационално: научниците успеале да го запрат времето!

Материјата како природонаучен поим е носител на сите збиднувања и на светот во своето траење и менување. Се манифестира на најразлични начини и претставува свет кој се открива и се сознава. Претставата за материјата трајно се менува во врска со откривањето на нејзините својства. Кога Њутн ги поставил законите на механиката и покажал дека небеските тела им се покоруваат на гравитационите сили, на сите манифестации на материјата им се наметнала механичката законитост. Истражувањата покажале дека така поставената рамка била претесна за да ја опфати севкупноста на физичките појави.

Кога како нов реалитет е откриено електромагнетното поле пак се направиле обиди, тргнувајќи од таа основа да се опфати материјата во целост. Таа повторно се покажала побогата со форми отколку што се очекувало; единствената точка на посматрање повторно се изгубила.

Кога за светлината е утврдено дека е електромагнетен бран, се претпоставило дека постои медиум со чија помош таа се шири-етерот; но тој од науката е исфрлен, а наместо него полето е сфатено како форма на егзистирање на материјата.

Прочитај и за ... >>  Научно за Мојсеј и Божјите заповеди

Утврден е идентитетот на масата и енергијата и дуализмот корпускула-бран. Така се откриени нови својства на материјата, што се карактеристични за микрокосмосот.

Организираната маса се манифестира сосема поинаку од она од што таа самата е составена. Резултатите на современите биохемиски истражувања покажуваат дека не постои одредена остра граница помеѓу високоорганизираниот хемиски состав и најпримитивната форма на животот. Најпримитивното живо суштество (вирусот) во одредени околности се однесува како хемиски спој-создава кристали. Живото суштество е само најкомплексна форма на организација на материјата и посебна форма на свивање. Конечното самосвојно битие, а со тоа и разумното расудување, е резултат на еден развој на материјата, нејзината организација, нејзината специфичност на движење, кое во крајна консеквенца создава свест што мисли и размислува за самата материја.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here