Потребно време за читање: < 1 минута

36. Облаци и сенки

Ко да не можат едни без други,
без оглед на мојата расположба.

А не се мои, а не се дел од мене,
зашто ко да не се слободни
да мислат како било за живот
без мене или со мене.

Облаците ту се доближуваат,
ту се оддалечуваат од сенките.

Сенките се во нив и меѓу нив,
ко да споделуваат мигови
на долго невреме надминато.

Знам дека скоро заедно
за последен пат ќе се најдат
на хоризонтот.

Па пред најпосле да исчезнат
од мојот глед уморен
ќе ја докажат безнадежноста
помеѓу извишувањето
и паѓањето

препеано
во лет на птица бездомна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here