Потребно време за читање: < 1 минута

100. Во бездна

Секој што бил макар миг
во бездна како што е оваа
секако совреме открил
дека не е случајна,
дека е создадена за повеќе
да нема знак, а ни глас
во чиј било плод
од семе за длабоко
вкоренување.

Во оваа бездна
се фрлени коски
на премалени борци
за слободоумие
откога ги заробиле
ослепени војски
без своја земја
во неизмерна тишина.

Не е случајна
ни мрачнинава што сал
одвреме-навреме
исфрла на виделина
огнени реки до небо
за да не ја прелетаат
ниту птици преселници.

А од нејзината утроба
избиваат претмртни крици
на луѓе без свои сенки,
во разни години и векови,
како да се обидуваат
за последен пат
да ѝ дадат некаква смисла;
да ја научат дека е сеедно
дали е голема или мала,
колку е длабока,
зошто нема и не може
да има ни близу
до неа друга како неа.

Голи се, страсни се
и безумни и безнадежни
и збришани од секакви
болештини.

Прочитај и за ... >>  СОЗДАТЕЛ ВО ИЗГРЕВОТ И ЗАЛЕЗОТ, XII, СЕМОЖЕН, НЕМОШЕН И НЕВОЛЕН, Немошен, поетска студија за беспаќата во човекот

Нема кој да предупреди
секого што ѝ се доближува
дека не може
да се стои до ниедно време
на нејзиниот раб.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here