Потребно време за читање: < 1 минута

129. По водотек

Се собрал народ по водотек
да прослави раѓање на нова
светлина животворна.

Долж водотек,
од извор до влив
во спокојно езеро,
на два брега;
од утрина до квечер.

По многу надминати
молскотни уривања
на неискачени врвови.

Но точно сред пладнина
надојдоа облаци од нигде,
а помеѓу нив ветар
ту силен, виорен,
ту леден, тивок, нечуен.

Водата поматена, крава,
со помодрено лице
почна да се прелева
преку бреговите,
да го плави народот,
па потем зачудувачки брзо
секна од извор до влив,
сред пладнина.

Народот не прослави
раѓање на нова
светлината животворна.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here