Потребно време за читање: < 1 минута

119. Божествена љубов
поетова

Ние една сенка
во живот до смрт
имавме,
што не се ни обидуваме
да ја потсмириме,
да ја забавиме,
да ја подзапреме;

и нема да дозволиме
од нас
да ја разделиме.

Сенка земја, сенка корен,
сенка стебло до небо
извишено,
сенка семе, сенка плод
со зрак сончевина
во срцето.

Секој што го слуша
и се обидува
да го протолкува
нашиот опстој,
со крв испишан
на ветриште
што навалувало
и навалува
одвреме-навреме
од која било страна
на светот,
најпрвин учи како треба
да ја памети нашата
една сенка;
дека е сал недопеан дел
семожен и немошен
за беспаќата во човекот
од создател
во изгревот и залезот.

Одамна нѐ нема во неа,
уште откога излеговме
од рамнотежата на свеста
помеѓу
хоризонт и недоглед.

Оттогаш нѐ има
самотни.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here