Потребно време за читање: < 1 минута

Пред совреме

Нема невреме во совреме
што би пресушило корен
во плодна земја,
сеедно дали е таа
од народ заживеана,
доживеана
или без него испостена.

Во совреме сечиј корен
длаби во свеста
и со својата срцевина
ја брани животворноста
на опстојот
од дамнина до утрешнина.

Совреме јас секогаш
во мое време.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here