Потребно време за читање: < 1 минута

10. Цвет пред свет

Излегол пред свет еден цвет
за да ја прикаже својата
воздишка радосна
дека не му требало
многу време
од семе до корен сосе роса
и човештина.

Се разбира, не излегол сам,
ами излегле пред свет
други заедно со него;
придружувајќи го во играта
со својата сенка,
поддржувајќи го на ветер
тивок, спокоен, свежест
неговиот опстој до венење.

Знае дека исто како досега
нема да трае долго,
а само додека  не го обземе
мрачнина пустинска.     

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here