Потребно време за читање: < 1 минута

31. Нежни допирања

Си ги допираме нежно
телата
за да се увериме
дека ни се уште живи.

И душите и срцата
си ги допираме нежно
за да си докажеме
еден на друг
колку ни се сплотени
во нашите стварни
и заумни светови.

Со мислите, зборовите,
со сите сетила возбудени
собудени сме во игра
небрежна, детинска,
за никогаш да не згасне
сонот во деноноќие
жизнено,
меѓу земен и небесен
спокој,

во кој птици песнопојки
ја воспеваат
нашата слобода.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here