Потребно време за читање: < 1 минута

15. Бранови

Се брани сон во кој
луѓе блиски и знајни
брзаат кон чистина
непрегледна,
пустошна.

Ветриште суво,
нескротливо развејува
корени и семиња,
знаци и писмо
на изневери
сосе предавства
во тегобен живот.

Ранобуден
совреме разбирам
дека тоа
времиња минливи,
времиња самотни,
времиња брановити
ме заробуваат
во немост без трага.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here