Потребно време за читање: 8 минути

Како што се очекува(ше), притисокот за решавање на проблемот на Грција со името на Република Македонија од „меѓународниот фактор“ деновиве стана мошне силен, а во следниве недели и месеци сигурно ќе кулминира, по што, логично, решение ќе мора да се најде или ќе се наметне. Тој не е насочен само кон Република Македонија, туку и кон Грција, а во насока на нужен, неминовен компромис. Тоа би можело да се оцени како успех на македонските власти (Владата и претседателот на државата), а со оглед на досегашното „разбирање“ на јужниот сосед од страна на неговите сојузници во ЕУ и НАТО. Мошне забвележливо е дека се одбегнува проблемот да се нарекува спор или да се назначува како билатерален, што беше постојано потенцирано, а Република Македонија и новата власт во Грција се повикуваат што поскоро да го „затворат прашањето“.

Повеќе од сигурно е дека ќе се „затвори“ многу брзо, пред се во името на евро- атлантската перспектива на земјите од Западниот Балкан и добрососедските односи (не само на Република Македонија; и на ЕУ и на НАТО е очевидно „забрзувањето“ на тој план поради реалниот страв од нови судири- состојбата во БиХ).

На тоа упатуваат воздржаните изјави на новиот грчки премиер и министер за надворешни работи Јоргос Папандреу и македонскиот шеф на дипломатијата Антонио Милошоски по блиц средбата во Истанбул, на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на земјите од југоисточна Европа.

Папандреу посакал подобра соработка во иднина, што е мошне позитивен и охрабрувачки сигнал, а Милошоски, честитајќи му ја победата на неодамнешните избори во Грција и посакувајќи му успешен мандат, исто така дипломатски воздржано оценува дека е можно интензивирање на преговарачкиот процес и изнаоѓање на решение на проблемот со името.

Мошне влијателната невладина и непрофитна организација „Ист- Вест“ од Прага излезе со своја анализа под наслов „ Македонија, национален идентитет и регионална соработка“, посочува на „вистинските“ прашања што стојат зад проблемот со името. Притоа нуди серија на препораки за владите во двете земји и на Европската унија.

Како што пренесоа македонските медиуми, на владата во Грција и се препорачува да ги демонстрира своите лидерски капацитети и да овозможи заедничка европска иднина на земјите од Западен Балкан, да влијае врз создавањето на јавното мислење во Грција во полза на компромисно решавање на проблемот со името (преименувањето), да има транспарентен пристап кон малцинските прашања и да дозволи иницијативи за заеднички проекти во пограничните региони.

Во препораките за македонската влада се бара таа да се воздржи од навреди кон јавноста и владата на Грција, кои се контрапродуктивни по нејзините интереси, да почне со градење на добрососедски односи преку политички и дипломатски процеси и преку соработка на проекти на локално ниво да работи на решавање на проблемот и за членство во НАТО и Европската унија на сериозен и решителен начин. Со непримерна и дискутабилна порака: да не се обидува да импресионира со гестови кои немаат поддршка однадвор (?!).

Исто така, на Грција и Македонија им се препорачува да формираат заедничка комисија за историското и културното наследство, чија цел нема да биде создавање на единствена верзија на историјата, туку размена на експертски ставови кои ќе помогнат за подобро меѓусебно разбирање.

Во препораките упатени на Брисел се бара на Македонија што поскоро и без дополнителни услови да и се понуди јасен пат кон членство во ЕУ, во замена за јасно покажана волја и работа, како и да покаже поголема рамноправност во пристапот со тоа што нема да дозволи Грција да го стопира процесот на приклучување на Македонија кон ЕУ до решавање на проблемот со името.

Анализата е дел од проектот на Институтот за проектот „Преспа – Охрид еврорегион“ и е објавена на крајот од минатиот месец.

Прочитај и за ... >>  Заврши 64. филмски фестивал во Кан

Се „погласен“ е и првиот човек на Светската организација, Бан Ки Мун. Во интервју за германскиот медиумски концерн ВАЦ тој истакнува дека, иако нема временска рамка, очекува по изборот на новата Влада на Грција да се најде решение за името на Македонија:

„Мојот специјален пратеник посветено работи да се најде заедничко прифатливо решение за прашањето за името. Во текот на досегашните разговори беа разгледувани повеќе опции, идеи и сугестии, но за жал не успеавме да дојдеме до брзо решение. Се надевам дека тоа ќе се случи по изборот на новата Влада во Грција. Тоа е моето очекување и продолжуваме да работиме на тоа“.

За очекувањата по изборот на новата грчка Влада, на поставено новинарско прашање, одговори и американскиот амбасадор во Македонија, Филип Рикер:

„Позицијата на САД за спорот за името со Грција е добро позната. Ние веруваме дека решение за прашањето е можно. Двете страни со помош на посредникот на ОН Метју Нимиц треба да се обидат да најдат решение што е можно побрзо. Не може да се шпекулира што ќе се случи во иднина, но треба да се искористи добрата атмосфера што е создадена и да се најде решение што е во интерес на сите. Тоа е прашање што треба да го решат Македонија и Грција. Како што многупати кажавме, и јас и други американски официјални претставници, ние сме подготвени ако можеме да помогнеме и да ги охрабриме двете страни да ги искористат услугите на ОН и на амбасадорот Нимиц и да најдат решение“.

На брзо решавање на спорот за името се надева и високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Кнут Волебек. Тоа, според него, ќе значи подобрување на состојбата во целиот регион:

„Сите земји во ОБСЕ имаат проблеми во врска со малцинствата. Сите живееме во мултиетнички општества. Тоа е предизвик за сите влади. Што се однесува на конкретните чекори, работиме со владите со цел да дадеме совети и да помогнеме, а тоа го правиме и со грчката Влада. Меѓутоа, јас имам доверлив мандат и не можам да прецизирам за што станува збор“.

И за една лесно „читлива“ медиумска шпекулација. Зачудува колку лесно се фатија за неа, особено некои од македонската опозиција, како гладна риба по црв на јадица.

(За волја на вистината, од СДСМ е искажана „сериозност“, односно „колнструктивност“ која не е многу далеку од „рибата“. Потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев:

„Немаме намера да влегуваме во коментари или проценки во оваа фаза, бидејќи не сакаме да бидеме повторно обвинети од Владата и од премиерот Груевски дека го нарушуваме преговарачкиот процес“.)

Имено, под бомбастичното „ексклузивно“ новинарот Г. (Горан) Михајловски во дневниот весник „Вест“ го „откри“ (само што не го назначи како „епохално откритие“) референдумското прашање за името. И тоа со најава на насловната страница која го „поддржува“ разбранувањето на јавноста (просто страв да ти влезе в коски од толку „високи бранови“).

Еве како тој „открива“ (и колку лесно се „чита“). Пренесувам делови од текстот со мои забелешки коментари читајќи го уште еднаш задно со вас:

„Ме­ѓу­на­род­но­то име и оп­се­гот уш­те не се до­го­во­ре­ни, но си­гур­но е де­ка прашање­то ќе би­де по­вр­за­но со вле­зот во ЕУ и НА­ТО, заш­то се ба­ра формулаци­ја која ќе ја за­до­во­ли и ме­ѓу­на­род­ната за­ед­ни­ца и Вла­да­та. На граѓани­те на Македонија им се ну­ди да при­фа­тат име кое ќе би­де са­мо за од­ре­де­на упот­ре­ба, и со тоа ќе се при­фа­ти фак­тот де­ка ус­лов за влез во ЕУ и НА­ТО е при­фа­ќа­ње на ме­ѓу­на­род­но име. Но од дру­га стра­на, тоа зна­чи и де­ка Ма­ке­до­ни­ја не мо­ра да би­де об­вр­за­на да го при­фа­ти име­то ако не вле­зе во ЕУ и НА­ТО“.

Прочитај и за ... >>  Културниот провинцијализам

Признавам, ваков наивен „мисловен велеслалом“ досега немам прочитано. Како може да не биде прашањето „сигурно“ поврзано со влезот во ЕУ и НАТО? Дали во спротивно ќе се бара формулација (име) што ќе ја „задоволи и меѓународната заедница и Владата“? Сепак, на новинарот мора да му се признае „храброст“ што ја изостава Грција. А она дека Македонија не мора да прифати име ако не влезе во ЕУ и НАТО му е „нужно“ за подоцнежен заклучок. Инаку, тоа нема никаква врска бидејќи преговорите би се воделе со нивно посредство, а не со посредство на ОН. Следува „логичната“ поента:

„Ма­ке­до­ни­ја ќе го сме­ни име­то за ме­ѓу­на­род­на упот­ре­ба ако до­бие цврс­ти гаранции со да­тум де­ка ќе вле­зе во ЕУ и НА­ТО.

Во таа на­со­ка е и пред­ло­гот за ре­фе­рен­дум­ско­то пра­ша­ње кое за „Вест“ го комен­ти­ра­ат и дип­ло­мат­ски и до­маш­ни из­во­ри кои се за­поз­на­е­ни со преговарачки­от про­цес за име­то.

Евен­ту­ал­но­то ре­фе­рен­дум­ско пра­ша­ње, кое би дош­ло от­ка­ко ќе се пос­тиг­не дого­вор со Гр­ци­ја за име­то, е :

„Да­ли сте за влез во ЕУ и НА­ТО со име­то Се­вер­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја?“
Ова пра­ша­ње би мо­же­ло да има из­вес­ни мо­ди­фи­ка­ции би­деј­ќи ме­ѓу­на­род­но­то име и оп­се­гот уш­те не се до­го­во­ре­ни, но си­гур­но е де­ка ќе би­де по­вр­за­но со вле­зот во ЕУ и НА­ТО.

Дип­ло­мат­ски из­во­ри ве­лат де­ка ве­ќе се тес­ти­ра нај­со­од­вет­но­то пра­ша­ње за успе­шен ре­фе­рен­дум, во кон­так­ти со Вла­да­та, ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца и опозици­ја­та. Сон­ди­ра­ње­то на јав­но­то мис­ле­ње се вр­ши пре­ку раз­ли­чен вид анке­ти од ис­тра­жу­вач­ки цен­три“.

Претходново е крајно несериозно, би рекол инфантилно, па и ступидно. Како е можно да се „извлекува заклучок“ дека Македонија ќе бара, а оние во ЕУ и НАТО ќе дадат цврсти гаранции за влез во нив?! Па, за НАТО тие воопшто не се потребни! Ветото е, да потсетам, до смена на името на државата, а веднаш потоа прием („резервирано столче“). А за влезот во ЕУ, зарем може некој да помисли,освен да манипулира и шпекулира (новинарски), дека „оние во Брисел“ можат да си дозволат такво „глупирање“ со досегашните услови- одредници („бенчмаркови“), па Пактови- Договори за стабилност и асоцијација, па критериуми, па…А што се однесува на наведеното референдумско прашање, прашање е зошто новинарот веднаш по него се оградува со можните „извесни модификации“? Какво „ексклузивно откритие“ е тоа?

Сепак, најголемата шпекулација, поточно ступидарија е она што следува како „образложение“. Откако „открива“ дека „референдум за името сигурно ќе има“ (навистина може да се гордее со ова откритие!), Михајловски во стилот на СДСМ- овците ја „варира“ проблематиката на „успешен референдум“. И за него, како за посочените, тој е тоа само ако таа се „обезбеди“ однапред, а тоа значи „по секоја цен“ позитивен одговор на граѓаните:

„Но, ко­га ве­ќе ќе има ре­фе­рен­дум, стра­теш­ки­те пар­тне­ри на Ма­ке­до­ни­ја са­ка­ат да би­дат си­гур­ни де­ка тој ќе би­де ус­пе­шен. За да би­де ус­пе­шен Вла­да­та мо­ра да се обез­бе­ди со так­во пра­ша­ње коеш­то не­ма да за­ди­ра во иден­ти­те­тот, не­ма да би­де пот­реб­на про­ме­на на Уставот и не­ма да би­де до­ве­де­на во пра­ша­ње внатреш­на­та упот­ре­ба на уставното име. За­тоа и се ба­ра фор­му­ла­ци­ја на референ­дум­ско пра­ша­ње ко­ја ќе ја за­до­во­ли и ме­ѓу­на­род­ната за­ед­ни­ца и Вла­да­та“.

Зачудува така „лефтерното“ тврдење дека веќе се спроведуваат анкети во кои „се тес­ти­ра ток­му пра­ша­ње­то „Да­ли сте за влез во ЕУ и НА­ТО по име­то Се­вер­на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја?“ (или со ва­ри­ја­ци­ја на дру­го ме­ѓу­на­род­но име)“. Неверојатно е како никој друг, освен Михајловски, ниту чул, ниту разбрал за такви анкети. Меѓутоа, многу поважен е „одговорот“ зошто се прави тоа:

„Пр­во, за­тоа што ова пра­ша­ње под­раз­би­ра де­ка не се ме­ну­ва Ус­та­вот, ту­ку гра­ѓа­ни­те од­лу­чу­ва­ат за име што ќе би­де за ме­ѓу­на­род­на упот­ре­ба, ка­ко што е сегаш­но­то ФИ­РОМ.

Прочитај и за ... >>  Уште една еколошка катастрофа

И вто­ро, за­тоа што со вр­зу­ва­ње­то за ЕУ и НА­ТО во пра­ша­ње­то на Ма­ке­до­ни­ја и се ну­дат и га­ран­ти­ра­ат пер­спек­ти­ви за мир, ста­бил­ност и еко­ном­ски просперитет на др­жа­ва­та.

Со дру­ги збо­ро­ви, на гра­ѓа­ни­те на Ма­ке­до­ни­ја им се ну­ди да при­фа­тат име кое ќе би­де са­мо за од­ре­де­на упот­ре­ба, и со тоа ќе се при­фа­ти фак­тот де­ка ус­лов за влез во ЕУ и НА­ТО е при­фа­ќа­ње на ме­ѓу­на­род­но име. Но од дру­га стра­на, тоа зна­чи и де­ка Ма­ке­до­ни­ја не мо­ра да би­де об­вр­за­на да го при­фа­ти име­то ако не вле­зе во ЕУ и НА­ТО“.

Настрана повторениот „велеслалом“, мошне ступидно е да се тврди дека на граѓаните на Македонија ќе им се понуди име за меѓународна употреба без промена на Уставот! ФИРОМ не е „неуставно име“, туку привремена референца (настрана траењето на привременоста). „Второто“ воопшто не заслужува да се забележи, а камо ли да се коментира. И уште: какво е тоа односно како е можно „меѓународно име за одредена употреба“?! Ќе биде за „неодредена“ по влезот во ЕУ и НАТО?

Сосема нормално и очекувано е што, наводно, во Вла­да­та не са­кале да ја ко­менти­ра­ат „ексклузивната ступидарија“ потпишана од Г. Михајловски.

За разлика од СДСМ, која проценува дека е ова „премногу сериозно прашање“, па се воздржува од секаков коментар, по „обичај“ се „истрча“ лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошковски. Побара одговор од премиерот Никола Груевски „да каже што и подготвува на Македонија“, односно „за која позиција преговара, за иднината на Македонија или за иднината на Никола Груевски“. Обвини за таен договор ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ?!

Папагалски го повторува она што досега се покажа дека не е можно (а се правеа сериозни обиди во рамките на „политичкиот дијалог“):

„Треба да се воспостави конечно хармонизирана национална позиција, усогласена позиција, каде што нема да има победници и поразени, каде што нема политичарите кои градат рејтинг на штета на Македонија да се појавуваат како триумфалисти“.

Реакцијата на ВМРО- ДПМНЕ е остра, но сосема на место:

СДСМ глуми конструктивност, а се надева на неуспеси и лоши резултати за Македонија. Со тоа сака да ја компензира катастрофалната политика за спорот со името во изминатите 15 години. Илија Димовски поентира дека за ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и Бошкоски се смешни кога глумат патриоти за името.

Не само поради „мудрувањето“ на Бошковски, туку и поради постојаното повторување од директно или индиректно засегнатите со проблемот на Грција во врска со името на Република Македонија, кои постојано повторуваат дека треба да се изнајде решение со кое ќе нема поразен и победник: тоа е уште една во низата „домашни и странски“ политички ступидарии!

Се разбира, ова бара подетална елаборација, но убеден сум дека е доволно да посочам на следново:

1. Разговорите- преговорите помеѓу Република Македонија и Република Грција со посредство на Метју Нимиц ниту биле, ниту се, ниту можат да бидат натпревар! Межу другото затоа што, за да биде таков, е нужно да има судија или судии кои ќе ги санкционираат правилата на игра, и тоа во текот на неговото одвивање;

2. Кога би биле тоа, како и во секој натпревар би морало да има победник, поразен, а нема само при нерешен резултат. Меѓутоа, тој во „превод“ би бил завршен без наоѓање на ново име и прифаќање на постојното- уставното;

3. Без сомнение, секое ново име наместо Македонија, и тоа единствено- и за меѓународна употреба, што е „црвена линија“ за Грција, е/ќе биде пораз за Македонија. Прашање е само дали минимален или убедлив. Единствено „близу до нерешено“ може да биде не двојната формула, туку алтернативно име за меѓународна употреба („гарантирано“ и со Уставот)!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here