Потребно време за читање: < 1 минута

34. Огнен ветар

Немало никогаш досега
посилен огнен ветар
со еден во друг оган
по еден пред друг ветар
сосе жештина на сува земја
што мигум сè пеплосале
негде којзнае каде
далеку од светови
со причини и последици
за обновување на природа
човекова
за со блиски да продолжува
продолжувајќи
опстанок на говор од мисла
длабока
со свои четири исти страни
како сè друго бескрајно
и безмерно
сè посилен огнен ветар
сè поблизу до извор на река
кој небрежно без престан пои
корени треви цвеќиња трње
која небрежно игра своја игра
некоја
меѓу сè поблиски светови
во кои
има причини и последици
за обновување на природа
човекова  
ќе соберат ли последна сила
извор и река небрежни
сè посилен огнен ветар
да угаснат.