Потребно време за читање: 2 минути

Наградата “Банка на годината“ во Република Македонија не е признание само на банка која се изделува од другите според постиигнатите резултати, туку е пред се на квалитетот на банкарските услуги, примената на модерното банкарско работење, на светските стандарди.

Ако се има предвид дека ја добива дури по петти пат (четири пати едно по друго), воопшто не треба да се образложува и промислува зошто бизнисмените и граѓаните имаат најголема доверба и задоволство да работат со неа.

Списанието „Банкер“ („The Banker“) традиционално секоја година ги избира најдобрите банки во 170 земји, како и најдобра регионална и најдобра глобална банка.

НЛБ Тутунска е една од трите големи банки во земјава, со пазарен удел од 20% во банкарскиот сектор и потенцијал од 900 милиони евра. Има 700 вработени.

Според Донка Марковска, помошник директор, и покрај актуелната економска криза годината може да се оцени како успешна, а се очекува 2009- та да биде завршена со добивка од околу 10 милиони евра. Притоа е реализиран силен пораст на депозитите на населението од 43 милионми евра или 15% во споредба со лани:

Прочитај и за ... >>  Уште една независна „контра“ на македонската опозиција

„Ваквиот резултат не само што не рангираше помеѓу најуспешните банки во Македонија, туку сме и помеѓу најуспешните членки на НЛБ групацијата.

Домашното штедење на населението ќе биде главен фактор на финансирање на стопанството во наредната година“.

Раководството на банката соопшти дека за првите 10 месеци од годинава активата на банката пораснала за 19 милиони евра и изнесува 853 милиони евра, а добивката е 8,3 милиони евра.

Директорот на НЛБ Тутунска банка, Ѓорѓи Јанчевски:

„Многу ни значи оваа престижна награда, бидејќи ја добивме во услови на најтешка глобална економска криза, а таа е наедно и потврда за стабилноста и сигурноста на банката“.

На свеченото одбележување на наградата Јанчевски зборуваше за најновиот потег на Народната банка на Македонија- малото намалување на референтната каматна стапка. Тоа е за поздравување, но е потребно дополнително олабавување на монетарната политика за да можат и банките да ги спуштат каматните стапки на кредитите. Тие ќе се намалуваат по Нова година, но минимално доколку не уследат нови мерки, како што е ослободување од задолжителната девизна резерва или државата посериозно да се задолжи надвор по поволни услови:

Прочитај и за ... >>  Завршна фаза на решавање на ступидниот проблем на Грција

„Дополнителни евтини извори од надвор, пофлексибилна монетарна политика од страна на НБРМ, за парите што се сега во благајнички запис и во државни записи да бидат повеќе во функција, и нормално, она што ни е репер или референтна каматна стапка, а тоа е цената на благајничките записи. Тука некаде се и државните записи. Доколку би паднале тие, банките ќе гледаат парите да ги пласираат таму каде што има поголема каматна маржа или подобар профит“.

НЛБ Тутунска има 140 милиони евра кои се во НБРМ како резерви, а се чека олабавување на монетарната политика за да се пласираат во кредити. Јанчевски не одговори директно на прашањето колку треба Народната банка да ја намали каматната стапка, но посочи оти во банкарскиот сектор очекуваат таа да падне до 7%, колку што изнесуваше во претходните години.

Раководството на НЛБ Тутунска банка предвидува дека и наредната 2010 година ќе биде неизвесна, бидејќи нема најави за поголем раст на светската економија, освен изолирани позитивни придвижувања.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here